Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Секаде имаме недостаток на полицајци, а вишок на началници

Објавено March 1, 2025 15:14
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои превработеност на останатите позиции во МВР. Заради ова, како што појасни, се работи на нов Закон за внатрешни работи и нов Закон за полиција. Во иднина, напомена дека ќе се работи и на нова систематизација, која ќе овозможи максимално, рационално и ефикасно трошење на парите на граѓаните, но и овозможување полициските службеници да бидат видливи на терен.

Не само во СВР Тетово, туку речиси и на територија на целата држава, во делот на оние позиции во рамки на Министерството каде што има макотрпна работа, каде што полицискиот службеник треба да е на терен, за да можат македонските граѓани да живеат безбедно, таму секогаш ни фалат вработени. Во другиот, комотниот дел, каде што не се изложени на дожд и на ветер, не се изложени на улица да го загрозат својот живот, таму има вишок на вработени – изјави денеска Тошковски,, одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета во Тетово.

Тој рече дека ќе се преземат оперативни планови и активирање на сите вработени во МВР. Како што рече, веќе почнале во Скопје, а втор град каде ќе го имплементираат оперативниот план со внатрешна распределба во рамки на постоечката мобилност, ќе биде Тетово.

Времето ќе покаже за кратко, за две недели отсега ќе видите разлика во споредба со претходно. Ако ме прашате дали има доволен број на вработени полициски службеници во увидна екипа и во сообраќајните екипи, ќе ви одговорам дека нема. Но, ако ме прашате на комотните позиции од аспект на началници, менаџери, оние фини и културни позиции во рамки на Министерството кои што се многу добро познати во јавноста, таму има превработеност. Но, и за тоа имаме решение. Макотрпно работиме на нов Закон за внатрешни работи и на нов Закон за полиција, а во иднина и на нова систематизаијца. Треба да овозможиме полициските службеници да бидат видливи на терен, а за да бидат видливи на терен треба да ги има на терен. За да ги има на терен, треба да има помалку „спијачи“ во Министерствата, а повеќе работници – рече Тошковски.

Тој додаде дека се прави длабинска анализа и се работи на воведување суштински измени на законските прописи.

Најави дека мартовската плата што вработените во рамки на Министерството за внатрешни работи ќе ја земат во април ќе биде зголемена за околу 10 проценти.

Ова е веќе разговарано со сите чинители во рамки на Владата, разговарано е и со премиерот и со министерката за финансии. Ако ме прашате мене треба да е зголемена за многу повеќе, но во наредниот период ќе имаме контиунирано зголемување на платите на полициските службеници особено на оние кои го изложуваат својот живот на ризик. Ќе имаме во иднина многу чекори кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за работа на полициските службеници – рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Судот под плаштот на СДС, на Сокол наместо да му определи притвор само му одзема пасош
Следна Статија Меси не го памети по добро престојот во ПСЖ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за номинацијата на Лутник: Како Влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот, тоа ќе значи позитива и за македонската економија

Господинот Хауард Лутник беше овде во Скопје во Владата каде разговаравме за многу теми. Имаме лично пријателство и очекувам само…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шабан Салиу: Не чувствувам апсолутно никаква вина за пожарот во Кочани

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?