Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост
ХРОНИКА

Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост

Објавено March 3, 2025 11:22
Сподели
Сподели

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага затоа што постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 март веднаш по полноќ, осомничениот учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил „Мерцедес“ по левата сообраќајна лента од ул.”Св Кирил и Методиј”. Но притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што свесно го довел во опасност животот и телото на луѓето. Возилото го управувал со алкохол од 1,35 промили, со брзина поголема од дозволената и не забавил и не запрел на обележаниот пешачки премин. Од тие причини, со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на една оштетена која како пешак попречно го преминувала коловозот на пешачкиот премин. Од ударот жртвата се здобила со тешки телесни повреди – скршеница на долни екстремитети.

Мерките на претпазливост се предлагаат со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката и спречување од повторување на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите
Следна Статија Татко во Србија возел со голема брзина и излетал од патот, загина бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

15-годишно девојче се обидело да се самоубие поради тортура од таткото

Долгогодишен психолошки и физички терор во едно скопско семејство довел до тоа 15-годишно девојче да се обиде да си го…

June 21, 2026
ХРОНИКА

Кумановци осомничени дека со дронови ја снимале полицијата

Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од…

September 12, 2025
ХРОНИКА

За 500 евра продале бебе на брачен пар што сакал да посвои

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање…

June 4, 2026
ХРОНИКА

Возач прегази жена во Ченто, па избега

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?