Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој
БАЛКАНМАКЕДОНИЈА

Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

Објавено March 5, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Сместена во срцето на Балканот, Македонија е земја на фасцинантни природни контрасти, од живописни рамници до планини што се издигнуваат како чувари на нејзиното биолошко и културно наследство. Со богата флора и фауна, овие региони претставуваат не само природен, туку и економски потенцијал кој, доколку се искористи правилно, може да стане двигател на одржлив економски развој. Сепак, предизвиците поврзани со заштитата на животната средина сè уште го попречуваат овој процес иако последните години, сè повеќе се нагласува значењето на зачувувањето на ретките и ендемски видови што живеат на македонските планини.
Иако тие се клучни за одржување на биодиверзитетот и стабилноста на екосистемите, сепак, овие природни богатства се соочуваат со закани, меѓу кои најголема е загадувањето предизвикано од дивите депонии.

Нелегалното фрлање отпад е хроничен проблем во Македонија, а планинските региони не се исклучок. Илјадници диви депонии ја загадуваат почвата, водите и воздухот, уништувајќи ја природната рамнотежа и намалувајќи ја атрактивноста на овие предели за туризам. Само во Полошкиот регион се идентификувани околу 80 вакви депонии со повеќе од 10.000 тони отпад, што ја покажува сериозноста на проблемот и итноста за преземање мерки.

Одговорот може да дојде преку еко-туризмот – гранка што бележи глобален раст од 20 до 40% годишно. Со соодветна инфраструктура, чиста околина и зачуван природен амбиент, македонските планини можат да станат водечки дестинации за алтернативен туризам. Планинарењето, велосипедизмот, кампувањето и организираните еко-тури не само што привлекуваат туристи, туку и создаваат нови можности за локалните заедници, преку отворање работни места и зголемување на приходите во локалните буџети.

Еден од позитивните примери за вакви напори е иницијативата на Пивара Скопје преку својот бренд СКОПСКО, која во рамките на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ ја покрена кампањата „Заедно се грижиме за планините“. Преку оваа иницијатива, со секое купено шише „скопско“ и „скопско смут“ со специјална етикета, се издвојува по 1 денар за активности насочени кон заштита на природата, организирање акции за чистење и подобрување на инфраструктурата во планинските предели.

Преку здружени напори на институциите, приватниот сектор и граѓанските организации, може да се создаде модел на одржлив развој што ќе ги зачува природните богатства, а истовремено ќе придонесе за економскиот напредок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ
Следна Статија Хајрулахи поднесе кривична пријава против Љупчо Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина

Поранешниот директор на Државната Лотарија, Прпарим Бајрами, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје. Вчера…

December 18, 2024
БАЛКАН

Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул

Полицијата во Истанбул заплени накит и антиквитети вредни 30 милиони долари во историската Капали чаршија за време на истрага за…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?