Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија
СВЕТ

Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија

Објавено March 6, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.

Воведувањето царини од страна на Трамп, ја поттикна Канада да преземе одмазднички мерки, што предизвика тарифна војна меѓу двете соседни земји.

Одлуката за одмазднички мерки на Мексико се очекува овој викенд.

– Трамп   одлуката за привремено   изземање ја донесе откако разговараше со лидерите на „големата тројка“ американски производители на автомобили – Форд, Џенерал Моторс и Стелантис, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

На прашањето дали 30-дневното одлагање е доволно за да се подготви автомобилскиот сектор за новите тарифи, Левит нагласи: „Тој им рече да се соочат со ситуацијата, да почнат да инвестираат, да почнат да се селат, да префрлат производство овде во САД, каде што нема да плаќаат никакви тарифи“.

Акциите на големите производители на автомобили од САД, Азија и Европа скокнаа до шест отсто по новата одлука на Трамп.

Левит рече дека претседателот е „отворен“ за барања од други индустрии што бараат исклучоци.

Паузата на тарифите за автомобилите со кои се тргува според Северноамериканскиот договор за слободна трговија (USMCA) само го одложува поширокото воведување на тарифите, што стапуваат на сила на 2 април.

За тој ден, Трамп планира да воведе „реципрочни“ тарифи за да одговараат на увозните давачки, даноци и стимулации во други земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џорџ Клуни на чекор до развод!
Следна Статија Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Објавени фотографии од екипажот на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион…

January 31, 2025
СВЕТ

Новиот редослед на dinastijata Мердок: Семејни превирања и стратешки промени

Семејните судири и стратешки промени го редефинираат влијанието во империјата на Мердок

December 25, 2025
СВЕТ

„Гугл Мапс“ го менува името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во САД

„Гугл мапс“ ќе го смени името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во Соединетите Американски Држави, откако ќе…

January 28, 2025
СВЕТ

Стапи на сила примирјето во Газа

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?