Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето
СВЕТ

Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето

Објавено March 6, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Полското претседателство со Советот на ЕУ се залага за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година, изјави полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик. 

Тој најави дека Полска презема конкретни чекори за укинување на ваквата практиката во текот на сегашното нејзино претседавање со ЕУ. 

Пашик уште лани во декември изјави дека измената на Директивата за менување на времето од 2018 година ќе биде една од целите на полското претседавање со ЕУ во првите чест месеци од оваа година. 

Според него, укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовниците претставува „социјално и економско прашање“. 

Пашик, како што пренесе полскиот весник „Факт“, изјави дека за ова прашање веќе разговарал со еврокомесарот за транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас и „го убедил“ да не ја отстранува измената на Директивата од работната програма на Комисијата за 2025 година. 

Поради економските врски, од суштинско значење е да се постигне консензус на сите земји членки на ЕУ за ова прашање, додаде Пашик. 

Следната промена на времето ќе се случи во ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците во 2 часот ќе се поместат за еден час понапред. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото
Следна Статија Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите ВИДЕО

Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм.…

May 6, 2025
СВЕТ

„Цимери“ на Мадуро во притвор се раперот Пи Диди и нарко босот Ел Чапо

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро по грабнувањето е смесен во Метрополитен центар за притвор. Тој од Бруклин ќе го чека почетокот…

January 6, 2026
СВЕТ

Авганистан објави дека убиле 58 војници во граничните судири со Пакистан

Авганистанските власти денес објавија дека убиле 58 пакистански војници во синоќешните операции по должината на границата на двете земји. Портпаролот…

October 12, 2025
СВЕТ

Олигарсите се сретнаа со Путин и дадоа три милијарди долари донации за војната

По средбата со Владимир Путин, олигарсите испратија 220 милијарди рубли донации за војната.Големите руски бизнисмени донираа 220 милијарди рубли (3…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?