Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат
МАКЕДОНИЈА

Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

Објавено March 6, 2025 12:44
Сподели
Сподели

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши.

– Да се оствари уште подлабоко партнерство и пријатлество меѓу нашите земји што е добро за двата наши народа. Вие знаете, ги потврдувам зборовите на претседателот Гаши дека Република Хвратска е силен поддржувач на Република Македонија. Знам дека се соочувате со проблеми. Знам дека вашето членство во НАТО беше исплнето со препреки, и дека се уште се соочувате со одредени препреки кон патот на ЕУ. Можам да кажам дека членството во ЕУ има геополитичко значење. Тоа донесува сигурност. Се разбира, на тој пат вашата земја ќе мора да помине низ процес на реформи што е добро затоа што и Хрватска го помина тоа, рече Јандроковиќ.

Ве охрабрувам, нагласи спикерот на хрватскиот Сабор, да продолжите на тој пат, да дадете се од себе затоа што тоа, како што рече, ќе биде во корист на државата.

-Реформите донесоа многу позитивни ефекти во општеството. Имаме инвестиции, зголемено ниво на вработеност. Имаме најпозитивни општествени промени. И затоа и ве охрабрувам да продолжите на тој пат да дадете се од себе затоа што тоа ќе биде во корист на државата. Ќе обезбеди подобра економија и подобар животен стандард. Без разлика на препреките и на пречките коишто се некогаш неправедни вие ја имате нашата поддршка на тој пат, рече тој.

Јандроковиќ потенцира дека политичките односи меѓу нашите две држави се извонредни, исто како што е економската соработка бидејќи, како што рече, стоковата размена меѓу двете држави постојано расте.

-Можам да кажам и дека односите меѓу нашите два народа се навистина пријателски. Секогаш постои партнерство, пријателство, симпатија, бидејќи не врзуваат историски врски. Овој состанок е многу важен не само за развојот на билатералната соработка туку и за парламентарната соработка и се надевам дека оваа средба ќе даде позитивна динамика во понатамошните односи, рече Јандроковиќ.

Гаши нагласи дека во фокусот на нивниот состанок било зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка преку заедничките парламентарни групи кои се формирани во двата законодавни дома. Размената на искуства, идеи и идентификацијата на полињата за соработка, додаде тој, се клучни чекори во зајакнувањето на нашите врски.

-Хрватска беше и останува силен и постојан поддржувач на европската перспектиава на нашата држава. Силно верувам дека Хрватска е примерот од кој можеме да научиме како да ги спроведеме реформите и интегративниот процес во ЕУ. Потсетувам дека двете земји во истата година го потпишаа Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а денес Хрватска веќе 12 години е полноправна членка, додека за жал, Македонија заостанува во овој процес поради добро познатите пречки. Свесни сме дека има уште работа реформи што треба да се спроведат и прашања кои треба да се решат. Но со сојузници како Хрватска и другите од ЕУ веруваме дека овој процес ќе биде успешен за нас исто како што беше и за Хрватска. Реформската агенда и планот за раст на Западен Балкан се важни и орхабрувачки елементи кои сведочат за ангажамнот на ЕУ во поддршка на нашата интеграција и земјите од регионот, рече спикерот Гаши.

Оваа средба, како што потенцира Гаши, исто така беше одлична можност да потврдиме дека нашите сојузништво е уште посилно преку соработката во рамките на НАТО каде нашите земји активно учествуваат во мисиите за зачувување на мирот и безбедноста, како заеднички демократски вредности.

-Во рамките на оваа заложба се согласивме дека нашата интеграција во ЕУ не е само аспирација и потреба за внатрешен развој, туку е геополитичка нужност особено ако ги земеме предвид тензиите и руската агресија врз Украина. Сметам дека нашиот пат кон ЕУ е инструмент за обезбедување за стабилност и мир во регионот. Ги разгледавме можностите за соработка во различни области како што се економијата, културата и мултилатералната соработка. Се согласивме дека ќе продолжиме да бидеме лојални партнери на регионално и меѓународно ниво.
Поддршката на Хрватска за Македонија како во процесот на интегрција во ЕУ, така и во секоја друга област е од непроценлива вредност и од клучно знаење за нас, рече Гаши.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ по прес-конференцијата се обрати и пред пратенците во македонското Собрание.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето
Следна Статија Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски

Како Влада сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница, беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата

Почна процесот на силната и робусна борба против криминалот и корупцијата со елиминирање на терористичка ќелија, за која постоело основани…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нестабилно со дожд, појава на грмежи и засилен ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?