Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Симон Трпчески со деби концерти во Чиле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Симон Трпчески со деби концерти во Чиле
ЗАБАВА

Симон Трпчески со деби концерти во Чиле

Објавено March 6, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, концертната 2025 година ја продолжува вечер (6 март) со првиот од двата деби концерта во Сантијаго, Чиле. Придружуван од Филхармонискиот оркестар на Сантијаго во Градскиот театар, Трпчески ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски. Диригентската палка ќе биде во рацете на главниот гостин-диригент на оркестарот, чилеанско-италијанскиот маестро Паоло Бортоламеоли.

Како што информира „КултурОп“, Трпчески до крајот на месецов го очекуваат и новите концертни средби со Симфонискиот оркестар на Чикаго во чија сала три вечери на програмата ќе биде Првиот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов, а под диригентската палка на Јакуб Хруша, како и трите настапи на домашната сцена на Симфонискиот оркестар на Феникс, со изведбата повторно на Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски, овој пат под диригентската палка на нам добро познатиот диригент од Венецуела, Илич Ривас. Ривас со Трпчески во 2009 година настапи и во Скопје, заедно со Младинскиот оркестар на КултурОп, во рамките на „Скопско лето“.

Почетокот од април за нашиот виртуоз на пијаното ќе значи можност за враќање на престижната сцена на виенски „Музикферајн“, каде што ќе биде солист на Тонкунстлер оркестарот и под диригентската палка на Доминго Хиндојан од Венецуела ќе ја изведе австриската премиера на „Концертот Аргентино“ од Хинастера. Хиндојан во моментов е шеф-диригент на Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар.

Во продолжение на сезоната, до крајот на наредниот месец, Трпчески го очекуваат и рецитални настапи во Љубљана и Сингапур.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск напиша за Слим дека е поврзан со нарко картелите, па изгуби бизнис вреден 7 милијарди долари
Следна Статија „Демократија“ и во кошарката: Црвена звезда казнета поради руска песна, дали ќе има санкции и за денешниот меч во Минхен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11+ PS5 и PS4 игри кои доаѓаат оваа седмица (9-15 февруари)

Јакуза! Ренимал! Висок на Живот 2!

February 10, 2026
ЗАБАВА

Овие два хороскопски знаци, според Баба Ванѓа неочекувано ќе се збогатат во 2026 година

Познатата гледачка баба Ванѓа која е позната по своите пророштва, па и денес постојат бројни луѓе кои сведочат дека им…

September 25, 2025
ЗАБАВА

Не ги фрлајте лушпите од велигденските јајца, ќе направат чудо во вашата градина

Откако ќе ги изедете вашите велигденски јајца, не мора да ги фрлате лушпите. Има начин како да ги искористите, особено…

April 21, 2025
ЗАБАВА

Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија, се смета дека е 45-иот во светот што го доживеал тоа

Невообичаен настан се случил во Велешко пред десеттина дена, кога маж на возраст од 47 години бил нападнат и каснат…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?