Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада
БАЛКАН

Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада

Објавено March 8, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи, а во исто време со гласањето пред Парламентот се одржа протест што заврши со инциденти меѓу маскирани лица и полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Предлогот на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, потпишан од 85 пратеници, што се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и безбедноста на транспортот, но и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и поскапувањата на цените, не го доби потребното парламентарно мнозинство и не создаде проблеми за владиното мнозинство од Нова демократија.

Од 300 пратеници во Парламентот, за да помине предлогот, потребно беше да биде изгласан со најмалку 151 глас.

На гласањето му претходеше тридневна расправа, која кулминираше со говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Како што соопшти претседателот на Парламентот Никитас Какламанис, тридневната расправа траеше над 42 часа, а се обратија 172 говорници, меѓу кои пратеници, министри и сите лидери на партиите.

Паралелно со расправата, се одржаа и низа протести, како во Атина, така и во други грчки градови, а граѓаните уште еднаш порачаа дека бараат правда за железничката несреќа и виновниците да бидат казнети.

Во Атина и Солун, по завршувањето на официјалниот дел од протестите, имаше инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.

Пред грчкиот Парламент маскирани лица ги нападнаа полицајците со молотови коктели и разни предмети, а беше приведено 61 лице.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осуден актерот Сергеј Трифуновиќ
Следна Статија Терористот, уапсен од Американци, раскажал каква улога имал во масакрот во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање…

February 1, 2026
БАЛКАН

Вучиќ: Србија мора да добие српска влада, не ни требаат влади наметнати однадвор

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е „непоколеблив“ во својата проценка дека Србија може и мора да има само…

February 2, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Која е Цветелина Бориславова: Kaко жената до Бојко Борисов стана најбогатата Бугарка

Бугарските истражувачки новинари наголемо пишуваат за Цветелина Бориславова, една од најмоќните жени кај источниот сосед. Која е Цветелина Бориславова? Нејзиното богатство се…

May 25, 2025
БАЛКАН

Комеморација на Цетиње: Загубата на 12 животи остави празнина во срцата

По повод масакрот што се случи на 1 јануари во Цетиње, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?