Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси
ЗАБАВА

Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси

Објавено March 8, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.

Хекман (95) починал во својот дом во Санта Фе од срцево заболување потпомогнато од Алцхајмеровата болест во напредна фаза, додека Аракава (65) починала од хентавирусен белодробен синдром, респираторно заболување предизвикано од изложеност на заразени глодари. И нејзината смрт е означена како природна.

Властите веруваат дека таа починала една недела пред Хекман, со кого беше во брак повеќе од 30 години.

„Веруваме дека Аракава починала на 11 февруари и разумно можеме да заклучиме дека Хекман починал на 18 февруари“, изјави Хедер Џарел, шефицата на канцеларијата за медицински истраги на Ново Мексико.

Аракава последен пат била видена во јавност на 11 февруари, кога била во дуќан, аптека и продавница за домашни миленици, пред да се врати дома во раните вечерни часови.

„Имајќи предвид дека Хекман имал напредна фаза на Алцхајмеровата болест, доста е можно дека тој не ни бил свесен дека неговата сопруга починала. Хекман имал и значајно срцево заболување и хронично висок крвен притисок и тоа веројатно ја предизвикало неговата смрт. Тој не јадел ништо во последните денови, но не се пронајдени знаци на дехидрација“, додаде Џарел.

Главната ветеринарка на Ново Мексико Ерин Филипс изјави дека заразите со хентавируси се многу ретки. Тие се пренесуваат преку контакт со измет, урина или плунка на глодари, најчесто кога се вдишува контаминирана прашина. Хекман имал негативен тест на хентавирус.

Хекман и Аракава беа пронајдени мртви на 27 февруари, откако маалското обезбедување дошло да провери дали се добро. Нивните тела веќе биле во состојба на распаѓање. Телото на Хекман било во претсобјето, а на Аракава во бањата. И едно од нивните три кучиња е најдено угинато покрај Аракава. Причината за неговата смрт уште не е утврдена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“
Следна Статија Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

МПЦ: Утре е Воведение на Пресвета Богородица

Воведение на Пресвета Богородица Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја…

December 3, 2024
ЗАБАВА

Стотиот ред: Академија за последна одбрана официјално е ‘1&2 пакет’

Анипрекс и развојните студија Too Kyo Games и Media.Vision објавија дека 'Стотиот ред: Академија за последна одбрана' всушност е два…

January 17, 2026
ЗАБАВА

Родени се со натпросечен ум: За овие 3 знаци астролозите тврдат дека се најинтелигентни во хороскопот

Не е лесно да се измери кои се сите критериуми за да се карактеризира некого како паметен. Не е нужно…

January 1, 2025
ЗАБАВА

12.12 им носи исполнување на најголемите желби на три хороскопски знаци

Дванаесеттиот ден од декември, или 12.12, носи со себе енергетски моќна нумеролошка низа 12-12, која би можела да им донесе…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?