Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот
СВЕТ

Рубио и Маск се скарале во Белата куќа поради кратењата на персоналот

Објавено March 8, 2025 17:17
Сподели
Сподели

Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава Њујорк тајмс, повикувајќи се на информиран извор. Инцидентот се случил во Белата куќа за време на состанок посветен на реорганизација на кабинетот на министрите и намалување на државните трошоци.

Весникот дознава дека конфликтот почнал кога Маск го обвинил Рубио дека „нема отпуштено никого“ од своите потчинети. Во одговор, државниот секретар рекол дека претприемачот лаже и истакнал дека од Стејт департментот веќе биле отпуштени 1.500 вработени. Сепак, Маск не се повлекол и саркастично рекол дека Рубио е „одличен за телевизија“, алудирајќи на неговата неспособност за реални управувачки одлуки.

Дијалогот се одвивал во присуство на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој набљудувал со прекрстени раце, навален на фотељата, пишува весникот. Конфликтот продолжил па Трамп конечно се вмешал и застанал во одбрана на Рубио. Претседателот рекол дека државниот секретар „врши одлична работа“ и дека бил многу зафатен: чести патувања, активни медиумски настапи и обврски во водењето на надворешната политика.

Овој инцидент претставува „пресвртен момент“ по првите турбулентни недели од вториот претседателски мандат на Трамп, нагласува Њујорк тајмс.

-Прв сериозен знак дека претседателот се спрема да го ограничи влијанието на Маск, чии постапки веќе се предмет на неколку судски процеси и предизвикаа незадоволство кај републиканците.

Според весникот, некои законодавци дури и директно изразиле жалби до претприемачот а пред шефот на Белата куќа. „Ненадејно свиканиот состанок бил сигнал дека претседателот е загрижен од растечкото незадоволство во земјата и дека се обидува да одржи рамнотежа со тоа што им угодил на двете страни, јавно пофалувајќи ги и Маск и членовите на својот кабинет“, коментира Њујорк тајмс.

Сепак, тој јасно стави до знаење дека продолжува да ги поддржува иницијативите на Маск за реорганизација на владата, но повикува на пореалистичен и понеутрален пристап околу ова прашање.

Според аранжманите, министрите кои се назначени од претседателот се одговорни за кратењата на персоналот во кабинетот, додека тимот на Маск има само консултативна улога, откриваат извори за весникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада
Следна Статија (ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шок во Германија: Фридрих Мерц не доби доволно гласови за да стане канцелар

Иако се очекуваше дека лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, денес ќе биде назначен за канцелар на Германија, се чини дека…

May 6, 2025
СВЕТ

(Фото) Трамп доби златна круна во Јужна Кореја

На претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Националниот музеј во Гјонгџу му беше врачен Големиот орден на Мугунгва и…

October 29, 2025
СВЕТ

Украина и продава пресретнувачи на дронови на Саудиска Арабија

Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за купување на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми. Двете земји исто така…

March 12, 2026
СВЕТ

Бајден ја шокираше јавноста: „Гризаше“ бебиња и деца (ВИДЕО)

Претседателот Џозеф Бајден ја збуни јавноста откако „гризаше“ бебиња и деца на неговата забава по повод Ноќта на вештерките во…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?