Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми
СВЕТ

(ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми

Објавено March 8, 2025 19:04
Сподели
Сподели

Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде бел ден додека раперот си го миел автомобилот, а нападот бил снимен на безбедносните камери.
Полицијата добила дојава за пукање околу 11 часот, но и покрај брзата интервенција на итната помош, таткото и ќерката биле пронајдени мртви. Според властите, двајца напаѓачи се приближиле до возило „Киа“ и отвориле оган без предупредување.

Властите во Тексас успеаја да уапсат еден од осомничените за убиството, човекот по име Робисон, кој ќе биде екстрадиран во округот Тарант каде ќе се соочи со две обвиненија за убиство. Меѓутоа, вториот осомничен Џејкоб Расел сѐ уште е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Безбедносните камери снимија застрашувачки сцени – раперот Џеј Ес Лил Рони се обидува да избега, трчајќи преку паркинг, додека неговите напаѓачи го бркаат и пукаат во него. Видеото од убиството брзо се прошири на социјалните мрежи, шокирајќи ги неговите обожаватели и јавноста.

Неговото семејство, пријателите и обожавателите се уште се во неверување поради бруталното убиство. Тетката на убиениот рапер, Стела Хјустон, во изјава за локалниот огранок на „NBC“, „WCAU News“, не можеше да ги сокрие солзите додека зборуваше за својот внук.

„Тој беше добро момче. Не повреди никого. Зошто би го нанел? Зошто би пукал во бебе“, рекла таа низ солзи.

Соседите кои биле во близина во моментот на нападот изјавиле дека слушнале бучава и бројни истрели. Некои сведоци тврдат дека биле испукани дури 20 куршуми.

Посебно трогателен податок е тоа што малата Р’Мани го прослави својот петти роденден ден пред нападот, несвесна дека тоа ќе биде нејзиниот последен ден на среќа и радост.

Рони беше познато име во тексашкиот хип-хоп светот, со над 151.000 следбеници на „Instagram“, 19.000 претплатници на „YouTube“ и 40.000 слушатели на „Spotify“. Меѓу неговите најпознати песни се „Hoodfame Killuminati“, „Wops“, „Stay Out My Way“ и „Crash Pt 4“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Невремето во Австралија предизвика хаос, има загинати и повредени
Следна Статија (ВИДЕО) Уапсен новинарот Немања Шаровиќ во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Идентификувани 113 пoвредени во пожарот во Швајцарија, меѓу нив и од Србија и БиХ

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во…

January 3, 2026
СВЕТ

(Видео) Се шират пожарите во Лос Анџелес, бројот на загинати се искачи на 16

Повеќекратните пожари кои веќе шест дена беснеат низ Лос Анџелес oдземаа најмалку 16 животи и се проширија во областите кои…

January 12, 2025
СВЕТ

(Видео) Украина ја бомбардира Русија со дронови, еден стигна до Москва

Четворица пожарникари се повредени во напад на украинско беспилотно летало на територијата на индустриската зона Џержинск во областа Нижни Новгород,…

October 20, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Нападнат кралот на Шпанија, тој и кралицата беа гаѓани со кал во Валенсија

Шпанскиот крал Фелипе Шести се соочи со гневни демонстранти за време на посетата на регионот Валенсија, кој е погоден од…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?