Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поевтинуваат горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поевтинуваат горивата
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Објавено March 10, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на бензините се намалува од половина до еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 отсто. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за два денара и ќе чинат 70, односно 69,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар така што ќе се продаваат за 76,5, односно за 74,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,240 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,261 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 51,432 отсто, кај дизелот за 4,044, кај екстра лесното масло за 3,960 и кај мазутот за 2,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5995 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спектакуларен гол во македонското првенство- Стојановски погоди од половина терен (ВИДЕО)
Следна Статија На ред за бојкот е „Лидл“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Расте цената на нафтата: Барелот достигна 84 ДОЛАРИ

Цените на нафтата продолжија да растат и денес, при што цената на брент нафтата надмина 84 долари за барел, под…

March 4, 2026

Доналд Трамп подготвен да го номинира Кевин Варш за претседател на Федералните резерви

Американскиот претседател најавува дека во петок утро ќе го објави новиот кандидат за да го замени Џеј Пауел

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции ќе паднат со водство на технолошкиот пад: Преглед на пазарите

Падот на технолошки акции се прошири низ Азија, при што растечката анксиозност околу процената и огромните трошоци за вештачка интелигенција…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите

Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?