Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар во беровско Ратево – жителите повикани да помогнат во гаснењето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пожар во беровско Ратево – жителите повикани да помогнат во гаснењето
ХРОНИКА

Пожар во беровско Ратево – жителите повикани да помогнат во гаснењето

Објавено March 11, 2025 16:41
Сподели
Сподели

Попладнево во месноста Каша, кај селото Ратево во Берово, избувнал пожар што брзо се шири кон туристичката населба Беровско Езеро. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, информираше за пожарот и упати апел до граѓаните да се вклучат во неговото гаснење.

„Почитувани жители на Општина Берово, над месноста викана Каша, на потегот од село Ратево кон Беровско Езеро, избувна пожар кој брзо се шири. Потребна е помош за негово гаснење, па се молат сите кои се во можност активно да се вклучат, заедно со нашите пожарникари“, изјави Пекевски.

Во акцијата за гаснење се ангажирани вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово, Шумското стопанство и доброволци. Засега не се соопштени информации за можни причинители на пожарот, ниту за евентуални штети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати
Следна Статија Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка

Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби. Во 08:57 часот добиена е…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Кокаинот го криеле во земја во Босилово, полицијата ја вадела дрогата со машини

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија…

May 12, 2026
ХРОНИКА

Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца во Германија

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Македонски параглајдерист го фатило невреме, завршил во Албанија

Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?