Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За пет лица се бара притвор, за останатите само мерки-Местеле тендери, купувале Мерцедеси и си префрлале пари во банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За пет лица се бара притвор, за останатите само мерки-Местеле тендери, купувале Мерцедеси и си префрлале пари во банка
ХРОНИКА

За пет лица се бара притвор, за останатите само мерки-Местеле тендери, купувале Мерцедеси и си префрлале пари во банка

Објавено March 11, 2025 19:23
Сподели
Сподели

За пет лица опфатени во вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут се бара притвор, а за едно од нив мерката би се применила по неговото пронаоѓање. За останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство.

  • Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на пет лица да им биде определена мерка притвор, од кои за едно лице мерката да се примени по неговото пронаоѓање. Едно лице осомничено и во предметот „Адитив“ веќе се наоѓа во притвор, додека за останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство, стои во информацијата од Обвинителството објавена попладнево.

По повеќемесечна предистражна постапка во предмет што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е оформено по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, во текот на вчерашниот ден и денес беше спроведена акција на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево во која се приведени 11 лица.

Од Обвинителството појаснуваат дека јавниот обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР денеска донел наредба за спроведување на истражна постапка против 13 физички и едно правно лице.

  • Постои основано сомнение дека десет лица како созвршители или помагачи сториле кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. На двајца осомничени и на правното лице им се става на товар дека освен кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, додека едно лице е осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра, велат од Обвинителството.

Во намерата со умисла им помогнале вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ со што им помогнале да се склучат договори за јавна набавка и испорака на мазут до 24.02.2023 година.

  • Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Северна Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице, појаснуваат од Обвинителството
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски – Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка
Следна Статија Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период по 10 март 2025 година: Конечно ќе почувствуваат среќа и леснотија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанки се обиделе да шверцуваат 16 луксузни чанти од Париз

Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе…

January 29, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот

Кочанските гробишта се прошируваат поради големиот број починати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Жртвите од трагедијата ќе бидат погребани на…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Бугари украле македонски носии

Во Демир Хисар вчера напладне се уапсени тројца државјани на Бугарија под сомнение за кражба и нелегално изнесување на предмети…

December 10, 2025
ХРОНИКА

Голема акција на МВР: Падна актуелен државен функционер за мито

Директор на една државна агенција именуван од актуелната власт попладнево е проведен под сомнение за примање поткуп. Станува збор за…

November 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?