Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав
БАЛКАН

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Објавено March 13, 2025 09:10
Сподели
Сподели

Народното собрание на Република Српска синоќа усвои предлог-одлука за пристапување кон усвојување нов Устав на Република Српска, јави РТРС.

За одлуката гласаа 50 пратеници, седум беа против, а двајца пратеници беа воздржани.

Претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, најави дека денеска во 10 часот ќе започне следната, 20-та посебна седница на Собранието и предложи на дневен ред по итна постапка, да се најдат Нацрт Уставот, како и предлог-законот за заштита на уставниот поредок на РС, на предлог на претседателот на РС, Милорад Додик.

Со донесувањето на одлуката, Комисијата за уставни прашања на Собранието е должна во најкраток можен рок да го подготви текстот на Предлог-уставот на РС и да го достави до Собранието.

Претходно, премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ изјави дека новиот Устав на Република Српска ќе биде во согласност со Дејтонскиот мировен договор и дека институциите на Република Српска се подготвени да разговараат со претставниците на бошњачкиот и хрватскиот народ за да ги заштитат правата и слободите на овие народи.

„Господа, не пропуштајте го овој историски момент, Република Српска има право да одлучува за новиот Устав“, рече Вишковиќ за време на собраниската расправа.

Вишковиќ додаде дека не е проблем да се задржат Советот на народите и потпретседателите на Република Српска во новиот Устав, туку дека мора да се утврди што претставува витален интерес и дека веќе нема можност за злоупотреба. „Ние сме имале само злоупотреби. Некој кој себеси се нарекува потпретседател на Република Српска, без разлика од која нација доаѓа, мора да ги штити интересите на Република Српска“, рече Вишковиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува Ројтерс
Следна Статија (Видео) Принцот Вилијам разговараше со обожавателка и се пошегува: Барем јас да имав таква коса

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во Косово убиен полициски началник

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Качаник, мал град во југоисточниот дел на Косово во близина на границата со…

April 2, 2025
БАЛКАН

Хорор во Србија: Девојка избодена со нож пред ресторан, 25-годишник уапсен!

Девојка А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба. Како што дознава Телеграф,…

December 15, 2024
БАЛКАН

Грција ги укинува провизиите на банкоматите

Корисниците на банкомати никогаш не знаат колку провизија им наплаќаат машините на „странските“ банки, а најголемата опасност е ако подигнат…

August 23, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција

Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?