Навивачите на мечот со Словенија во средата во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Македонската химна грмеше на трибините во салата „Борис Трајковски“ засилена од придружбата на навивачите.
Македонската ракометна репрезентација, иако блескаво стартуваше, не успеа да го одржи ритамот и загуби од Словенија со 26:32 во натпреварот од третото коло на квалификациите за Европското првенство.