Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Белград: Десетици трактори паркирани околу Претседателството 24 часа пред големите протести, за што ќе се користат?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Белград: Десетици трактори паркирани околу Претседателството 24 часа пред големите протести, за што ќе се користат?
БАЛКАН

Белград: Десетици трактори паркирани околу Претседателството 24 часа пред големите протести, за што ќе се користат?

Објавено March 14, 2025 10:03
Сподели
Сподели

Неколку десетици трактори утрово беа паркирани пред Пионирскиот парк во Белград, во близина на местото каде веќе осум дена престојува група луѓе кои се идентификуваат како Студенти 2.0 или таканаречени „студенти кои сакаат да учат“. Ова се случува 24 часа пред најавените големи протести во Белград.

Покрај тракторите паркирани во кампот „студенти кои сакаат да учат“, рано утрово на мостот Газела се забележани уште десетици, јавуваат српските медиуми. Се претпоставува дека се работи за трактористи кои наводно ќе ја штитат групата собрана во камповите.

На видеото кое беше објавено се гледа дека тракторите се нерегистрирани, односно ниту еден од паркираните нема регистарски таблички, а оние што ги имаат се покриени со крпа. Претходно стотици трактори од цела Србија беа донесени и паркирани во објектите на бројни фабрики низ Белград.

Околу Пионирскиот парк утринава може да се забележат и бројни полицајци. Безбедносните експерти сметаат дека паркираните трактори служат за зголемување на притисокот и поттикнување страв од радикализација на протестите за утре да се појават што помалку луѓе на улиците.

Вучиќ со денови предупредува дека протестите на 15 март може да доведат до големо насилство и дека насобраните ќе се обидат да ја преземат власта со насилство. Тој дури отиде дотаму што рече дека тој ден ќе биде во зградата на Претседателството и дека ќе треба да го убијат ако сакаат да ја преземат власта.

Синоќа тој рече дека собраните тој ден ќе се обидат да упаднат во Народното собрание, Радио телевизија на Србија (РТС) и Уставниот суд и дека ќе бидат извршени „најтешките злосторства“. Во оваа прилика Вучиќ денеска во 18 часот ќе им се обрати на граѓаните на Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Челси „преку ноќ“ се договори со големиот талент на Спортинг
Следна Статија Се запали Боинг на аеродром во Денвер со 178 луѓе, патниците бегаа преку крилата (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Од партијата на Костадин Костадинов бараат да се блокираат парите од ЕУ за Македонија, се предлага и војна

Бугарската парламентарна партија Возраждание бара премиерот Радев да ги блoкира сите пари од ЕУ за Македонија. Oва е партијата на Костадин Костадинов…

June 21, 2026
БАЛКАН

50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност…

August 6, 2025
БАЛКАН

Дете си ја убило својата мајка во Пловдив

Тинејџер (14) е уапсен во Пловдив под сомнение дека ја убил мајка си. Во станот било пронајдено тело на жена…

October 14, 2024
БАЛКАН

Претседателот на Србија отвори страница на која граѓаните ќе можат да пријавуваат закани од функционерите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави  соопштение по повод лансирањето на платформата „Кој си бре ти?“…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?