Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа
СВЕТ

Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа

Објавено March 15, 2025 10:34
Сподели
Сподели

Речиси цела Куба остана без електрична енергија откако националната електромрежа доживеа голем дефект синоќа, соопшти кубанското Министерство за енергетика и рударство.

Според властите, проблемот настанал поради дефект во главната трафостаница во Хавана, што довело до прекин на снабдувањето со струја во голем дел од западна Куба, вклучително и во главниот град.

Сведоци известуваат дека Хавана била целосно во мрак, освен неколку хотели кои работеле на генератори.

Извештаи на социјалните мрежи укажуваат дека и источните и западните региони на земјата, со вкупно 10 милиони жители, биле погодени од прекинот на струја.

Ова е уште еден удар за кревката и застарена енергетска мрежа на Куба, која веќе подолго време се соочува со чести прекини.

Крајот на минатата година беше обележан со нестабилност на снабдувањето со струја поради недостаток на гориво, природни катастрофи и економска криза.

Повеќечасовни прекини на струја веќе станаа секојдневие за Кубанците, кои покрај тоа се соочуваат со сериозен недостиг на храна, лекови и вода.

Се повеќе жители на островот се решаваат на миграција, барајќи подобар живот надвор од Куба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВО ЖИВО За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград
Следна Статија АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Унгарскиот парламент ги изгласа уставните измени за забрана на јавните ЛГБТ активности

Унгарскиот парламент го усвои уставниот амандман со кој се дозволува владата да забрани јавни активности на ЛГБТКју+ заедницата. Правниците и…

April 14, 2025
СВЕТ

(Видео) Украинците објавија снимка: „За прв пат погодивме два руски воени хидроавиони“

Украинските сили за прв пат соборија два руски амфибиски авиони Бе-12 Чајка на окупираниот Кримски полуостров, објави утрава украинската воена…

September 22, 2025
СВЕТ

Зеленски: Подготвен сум да се повлечам ако тоа значи мир за Украина

Претседателот Володимир Зеленски е подготвен да се повлече од функцијата доколку тоа значи „мир за Украина“, рече тој за време…

February 23, 2025
СВЕТ

САД извршија нови воздушни напади врз Иран

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?