Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Чупеска: За страшната трагедија во Кочани мора да има одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Чупеска: За страшната трагедија во Кочани мора да има одговорност
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Чупеска: За страшната трагедија во Кочани мора да има одговорност

Објавено March 16, 2025 20:14
Сподели
Сподели

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес-конференција од седиштето на партијата побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но и темелна и независна истрага за трагедијата во Кочани. Таа испрати апел до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и одговорните да одговараат.

Според Чупеска, стравична е леснотијата со која министерот ја отфрли одговорноста од себе и од Министерството за внатрешни работи, со кое како што посочи, тој раководи повеќе од една година.

-За жал, денешната последна прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не остави без зборови и не принуди и ние да реагираме. Да го потсетиме Тошковски дека е министер веќе 13 месеци. СДСМ веруваше дека министерот ќе има доблест да ја каже вистината и нема да прави селективно известување на јавноста во врска со настаните и очекувавме дека прецизно ќе ја лоцира одговорноста и дека ќе докаже дека нема намера никој да биде поштеден од овие настани. Но тој тоа не го направи, рече Чупеска.

Наместо тоа, подвлече Чупеска, Тошковски политизира и обвинува други, кога тој е министер веќе цела година, а Владата ги има сите институции на располагање девет месеци.

-Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете одговорност и оставка вие и сите во институциите, во услови кога цела година оваа дискотека работи без лиценца. Чија е одговорноста ако не е ваша, вие тоа да го проверите. Чија е одговорноста ако не е ваша и на сите инспектори кои ги водите? Да се побара одговорност и да се провери цела година дали има неправилности во работењето, додаде Чупеска.

Таа истакна дека Дирекција за заштита и спасување треба еднаш годишно да ги прави проверките за безбедносните стандарди на сите објекти.

-Како тоа полицијата била таму, како што и самиот го кажавте истово, и притоа не ја затворила дискотеката, која очигледно работела надвор од сите пропишани стандарди и процедури. Како може дискотека која никогаш порано, па дури и со старите лиценци, не смее да работи после 1 часот, сепак оваа кобна ноќ да работи до 3 часот наутро. Дали вие воопшто не мислите дека некој до сега требал тоа да го провери, рече Чупеска.

Таа додава дека пожарот е настанат од пиротехнички материјали, а токму МВР ги издава и контролира овие компании кои управуваат со овие средства.

-Тука одговорноста е целосно во МВР и зошто вие молчите за ова? Дали е точно дека летово оваа дискотека била реновирана и пуштена во употреба, кој дал согласност за тоа? Вие бевте на власт тогаш и на централно и на локално ниво. Тошковски, да ви порачаме дека во овие моменти имавте можност да докажете дека сте професионалец, но и да се претставите како човек. Жалиме што со вашето однесување, со целата пропаганда која се води на социјалните мрежи, вие решивте брутално да го политизирате овој трагичен настан, рече Чупеска.

Таа појасни дека СДСМ бара темелна и независна истрага за целиот случај. Како што рече, апелираат до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат.

-Апелираме до сите да не го политизираат случајот, затоа што тоа е многу ужасно и многу болно за сите оние кои во моментот трагаат по своите луѓе и тагуваат по најблиските, додаде Чупеска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ракометарите поразени во меч во кој никому не му беше до ракомет
Следна Статија Мицкоски потврди: Чекиќ Дуровиќ ја потпишала фалсификувана лиценца за дискотеката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре е Богојавление, на полноќ направете ја следнава работа!

Утре е големиот христијански празник Богојавление - Водици. Поради тоа, на полноќ замислете желба. Вечерва е посебна бидејќи небото се…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден не ѝ се погоди: Арсовска го разреши и директорот на „Улици и Патишта“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го разреши директорот на јавното претпријатие „Улици и Патишта“, Ванчо Умлевски, објави порталот Скопје1.…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

Христијан Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ, сметаат бугарски аналитичари. -Мицкоски што ѝ…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Владата најавува инвестиција во еколошки превоз.  Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?