Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
БАЛКАН

Пленковиќ: Четворица повредени од Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска

Објавено March 17, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската армија, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ и уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и на преживеаните им посака брзо закрепнување.

„Ќе дојдат, ми се чини, за два дена. Утре хеликоптерите на Министерството за одбрана, односно на хрватската армија ќе преземат четворица повредени пациенти. Таков е договорот и комуникацијата со македонските власти“, изјави денеска Пленковиќ пред новинарите.

Пленковиќ додаде дека веднаш му се јавил на колегата Христијан Мицкоски кога слушнал за трагедијата.

„Тоа е навистина огромна трагедија. „Сите информации што можевме да ги следиме вчера и денеска укажуваат дека ова е нешто без преседан за Македонија и уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на сите жртви, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, рече премиерот.

Неколку десетици тешко повредени лица се транспортирани или се подготвуваат за транспорт во неколку соседни земји, меѓу кои Бугарија, Грција, Србија, Хрватска и Турција, соопштија денеска македонските власти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полициска контрола влегла во ,,Пулс” неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
Следна Статија Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во…

September 9, 2025
БАЛКАН

Црногорец се јавил кај службеничка во Пошта и и’ се претставил како директор – измама за 19.000 евра

Вработена во Пошта на Црна Гора била измамена за 19.000 евра откако добила телефонски повик од лице кое лажно се…

April 14, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Многу сум загрижен за здравствената состојба на Ивица Дачиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Астана изјави дека е „многу загрижен“ за здравствената состојба на министерот за внатрешни…

February 27, 2026
БАЛКАН

“Демократски“ студент го покажа „алатот“ на протестите во Белград

Прврзаниците на српската опозиција не бираат начин да го привлечат вниманието.Попладнево еден демонтрант качен на камион го покажа „алатот“ нервозно…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?