Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор доби Беким Максути, поранешниот директор на ДЗС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Притвор доби Беким Максути, поранешниот директор на ДЗС
МАКЕДОНИЈА

Притвор доби Беким Максути, поранешниот директор на ДЗС

Објавено March 17, 2025 20:31
Сподели
Сподели

Еден поранешен директор и инспектори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се дел од притворените во случајот со големата несреќа во Кочани, кога во голем пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.

Овој податок го објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, без детали за кого се работи и која е причината. МКД.мк дознава дека се работи за поранешниот директор Беким Максути, кај кого, при полицискиот претрес во неговиот дом било пронајдено и оружје и муниција.

-Законот за заштита и спасување детално ги опишува надлежностите на ДЗС. Претпоставуваме дека дел од причините за притворот на Максути се токму во непочитувањето на неговите обврски, пишува порталот.

Во член 69 од Законот за заштита и спасување пишува дека „државните органи, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите се должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, според пропишани стандарди.

Веќе наредниот член ја опишува обврската на инвеститорот – „во проектната документација за изградба на објекти, како и за објекти на кои се врши реконструкција-пренамена инвеститорот е должен да изготви посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

Дирекцијата, односно нејзините подрачни организациски единици се должни во рок од пет дена од денот на приемот на писменото барање за увид во проектната документација од органот кој ја спроведува постапката за издавање на одобрение за градење, да изврши увид и да даде согласност за застапеност на мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи или да даде забелешки на записник, доколку не се исполнети условите за согласност.

Директорот на Дирекцијата ја утврдува содржината на елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Директорот на Дирекцијата ги пропишува мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи“.

Во член 139-в од овој закон се вели дека инспекторот на ДЗС има право и обврска на субјектот на надзорот: да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот и да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка.

Исто така, според член 141-д, инспекторот при вршење на надзор ако утврди дека постои непосредна опасност од уривање на објекти; настанување на пожари и експлозии; отежната евакуација на загрозени лица; оневозможување на ефикасна интервенција на тимовите и други опасности, со решение може да нареди забрана на користење на објектот или на дел од објектот.

Очигледно е дека во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани голем дел од законските обврски и инспекциски надлежности едноставно не се спровеле, пишува МКД.МК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен
Следна Статија Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите

Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска во Тетово повторно беше прашана дали носи преведувач

Министерката за образование Весна Јаневска  при посетата на Тетово вчера беше прашана од новинар дали со себе донела преведувач, на…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?