Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца
ХРОНИКА

Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца

Објавено March 19, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, соопштија од ЈОРСМ.

Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети условите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По убиството Палчо запали цигара и отвори телефон, тогаш виде колкава врева се кренало, сведочи Манев
Следна Статија Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија…

July 30, 2025
ХРОНИКА

Пазарниот инспекторат сузби поголема количина шверцувани производи од тутун

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар,…

November 20, 2025
ХРОНИКА

Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца во Германија

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија, а насилникот бил македонски државјанин. Како што соопшти Билд ја избодел со месарски…

November 6, 2024
ХРОНИКА

62. жртва по пожарот во Кочани, почина пациент кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?