Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
СПОРТ

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Објавено March 20, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.

„Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив“, порача Манев во изјава за ФФМ.

Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

„Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје
Следна Статија „Осамна утрото сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“: македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Раул Алонсо ја напушти клупата на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако битолскиот тим и шпанскиот стратег Раул…

July 7, 2025
СПОРТ

(ФОТО) Убавина: Погледнете каде игра Комо

Клубот Комо сезонава е дел од Серија А. Играат добро но се последни на табелата. Сепак тие имаат многу симпатии…

January 25, 2025
СПОРТ

Марјан Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Марјан Илиевски ќе биде промовиран во нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Илиевски се договори со раководството на…

June 17, 2025
СПОРТ

Алегри се врати на клупата на Милан

Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан попладнево официјално потврди дека тренерската должност ја презема Масимилијано Алегри, кој ќе има тешка задача да…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?