Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денес е рамноденица – во 16:33 часот доаѓа пролетта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Денес е рамноденица – во 16:33 часот доаѓа пролетта
ЗАБАВА

Денес е рамноденица – во 16:33 часот доаѓа пролетта

Објавено March 20, 2025 09:55
Сподели
Сподели

20 март, во 16:33 часот официјално започнува најубавата сезона – пролетта.

Имено, денес е рамноденица која го навестува крајот на зимата, односно на денешен датум ноќта и денот ќе бидат со еднаква должина.

Иако голем број на луѓе знаат уште од училиште дека пролетта доаѓа на 21 март, пролетта ни доаѓа на 20 март последните две децении. Експертите ни открија дека пролетта доаѓа ден порано во последните дваесет години, поради двете различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.

Користејќи го метеоролошкиот метод – метеоролозите го набљудуваат годишниот пад и пораст на температурата и состојбата на атмосферата. Ова се утврдува климатолошки, со следење на температурната статистика и коорднација според календарот, со цел годишните времиња да се поделат на четири тримесечни сезони. Според овој метод, секоја сезона трае три месеци.

Вториот, астрономски метод, се заснова на астрономските сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Според овој метод, астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога ротационата оска на Земјата е на 23,5 степени во однос на нејзината орбита околу Сонцето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шестмина малолетници меѓу загинатите во дискотеката во Кочани, најмладите имаат само 16 години – Објавена возраста на сите жртви
Следна Статија Мамукелашвили испиша историја во НБА лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Пица печена на вулканска лава е хит меѓу туристите во Гватемала (ВИДЕО)

Вулканот Пакаја, кој се наоѓа во јужна Гватемала, е еден од трите активни вулкани во тој дел од земјата. Неговите…

December 20, 2024
ЗАБАВА

Штетни состојки во Дубаи чоколадото, откриени во Германија

Во примероците на таканаречената Дубаи чоколадо, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка…

December 21, 2024
ЗАБАВА

Бекам ќе добие титула витез

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на…

June 6, 2025
ЗАБАВА

Дуа Липа дизајнираше Порше, заработувачката од продажбата оди на Косово (ФОТО)

Музичката ѕвезда Дуа Липа и легендарниот автомобилски бренд Порше ги здружија силите во проект кој ги комбинира дизајнот, брзината и…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?