Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финска има најсреќни луѓе на светот, Македонија е на 86 место
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Финска има најсреќни луѓе на светот, Македонија е на 86 место
ЗАБАВА

Финска има најсреќни луѓе на светот, Македонија е на 86 место

Објавено March 21, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Финска осма година по ред е прогласена за земја со најсреќно население во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска по повод Меѓународниот ден на среќата, пренесе Асошиетед прес.

Авторите на извештајот, подготвен во партнерство со агенцијата за истражување Галуп, Оксфордскиот центар за истражување на благосостојбата и Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, го анализираа периодот помеѓу 2022 и 2024 година

Како и минатата година, сите скандинавски земји се во Топ 10. Финска е на врвот, а по неа се Данска, Исланд и Шведска. Норвешка е на седмото место.

Холандија се врати во првите пет, додека Костарика (шесто место) и Мексико (десетто) за првпат влегоа во Топ 10.

Германија се искачи од 24. на 22. место, додека САД паднаа за една позиција на 24. место – нивниот најлош ранг досега.

Оваа година Македонија е на 86. место, лани беше на 84, а во 2023 на 87. Годинешната оценка за македонија е 5,503 од можни 10.

Бугарија е на 85. место. Зад Македонија од регионот единствено e Албанија на 89.

За многумина изгледа изненадувачки, но Косово е насреќна нација во регионот – тоа е на 29. место. По него е Србија на 31., па Босна и Херцеговина на 56. и Црна Гора на 71.

Рангирањето вклучува 147 земји, а Авганистан е на последното место.

Финците, од кои беше побарано да го оценат својот живот, дадоа просечна оценка од 7,736 (од 10), додека просечната оценка на Авганистанците беше 1.364.

Истражувачите на среќата идентификуваа голем број клучни фактори кои генерално ги прават луѓето посреќни. При составувањето на рејтингот се земени предвид индикаторите како БДП по глава на жител, ниво на социјална поддршка, животен век, почитување на граѓанските слободи, безбедност на работното место, слобода во областа на здравството, ниво на корупција и други.

Авторите на извештајот открија дека верувањето во добрината на другите е многу потесно поврзано со среќата отколку што се мислеше.

Во извештајот се наведува и дека овогодинешните резултати уште еднаш ја потврдуваат основната вистина – среќата е вкоренета во довербата, добрината и социјалната поврзаност.

„Човечката среќа е одредена од нашите односи со другите. Инвестирањето во позитивни социјални врски и ангажирањето во добронамерни акции се поврзани со поголема среќа“, вели Лара Акнин, професор по социјална психологија на Универзитетот Сајмон Фрејзер.

Светскиот извештај за среќа е објавен од 2012 година на иницијатива на Генералното собрание на ОН. Рангирањето се заснова на просечни показатели собрани во период од три години. Објавувањето на рангирањето се совпаѓа со Меѓународниот ден на среќата, кој се одбележува на 20 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голчиштето на Винисиус во 99. минута му донесе победа на Бразил (ВИДЕО)
Следна Статија Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Зимска идила на „Галичица“ надополнета со стадо елени

Убавата зимска идила од Националниот парк Галичица, која ја збогатува стадо елени во снежниот предел на планината. На видеото објавено…

January 10, 2026
ЗАБАВА

Добила 20.000 евра отштета бидејќи вработените во Зара влегле во кабината додека се пресоблекувала

Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, доби 20.000 евра отштета откако члeнка на обезбедувањето во Зара влегла во…

February 19, 2025
ЗАБАВА

Црн Петок: Streaming услуги нудат атрактивни понуди за претплатници

Повеќе големи стриминг платформи објавуваат специјални попусти за време на празничната сезона.

November 26, 2025
ЗАБАВА

Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ претепана во Белград

Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д.. Како што…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?