Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња
СПОРТ

Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња

Објавено March 22, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст, потврди неговото семејство. Легендарниот боксер во тешка категорија имаше една од најдолгите кариери во спортот, која кулминираше со олимпиското злато во 1968 година.

Исто така, Форман двапати беше светски шампион во тешка категорија со разлика од 21 година помеѓу двете титули. Потоа со својата втора титула стана најстариот шампион во историјата на оваа категорија со 45 години.

Првата титула ја загуби од Мухамед Али во познатата борба „Rumble in the Jungle“ во 1974 година.

Форман во кариерата имаше 76 победи, од кои 68 со нокаут, што е двојно повеќе од Али, кој речиси сите го сметаат за најголем во историјата на овој спорт.

Форман се повлече од боксот во 1997 година пред да почне да ја промовира скара што го носи неговото име и му донесе дополнително богатство по кариерата.

Изјавата на неговото семејство од Инстаграм ја реобјавуваме во целост.

„Нашите срца се скршени. Посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо и прадедо – тој живееше живот исполнет со непоколеблива вера, понизност и цел.

Хуманитар, олимпиец и двократен светски шампион во тешка категорија, тој беше длабоко почитуван – сила за добро, човек со дисциплина, убедување и заштитник на своето наследство. Неуморно борејќи се за зачувување на своето име и чест – за неговото семејство“, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аргентина без Меси го победи Уругвај во гости (ВИДЕО)
Следна Статија Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештај за натпреварот помеѓу Houston Rockets и Philadelphia 76ers

Службен извештај од NBA натпреварот со детали за клучни случувања и судиско толкување

January 24, 2026
СПОРТ

ФФМ го казни Сејдини поради финансиска измама

Забрана за вршење на функција во траење од две години му изрече денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својот…

February 6, 2026
СПОРТ

Милан го победи Наполи и се искачи на првото место во Серија А

Милан синоќа на домашен терен го победи Наполи со 2:1 дома во 5. коло од италијанската Серија А. Алексис Салемакерс…

September 29, 2025
СПОРТ

ПСЖ вечерва едноставно мора да победи во Монако

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се пошегува за голманската позиција пред првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите против…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?