Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк
ХРОНИКА

Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк

Објавено March 22, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу 5 килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.

Три килограми од дрогата се договориле да ја продадат на купувач – грчки државјанин за сума од 9.000 евра. При обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, полициски службеници ги затекнале. На лице место биле уапсени двајца од осомничените, додека третиот се дал во бегство, но набрзо и тој бил приведен.

Дополнително, во близина на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која им била наменета за продажба.

Со образложение дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците или соучесниците, да ги сокријат или да ги уништат трагите од кривичното дело, но и дека ќе го повторат делото за кое се гонат, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Александар Мечка Инфомакс на координација со Заев (ВИДЕО)
Следна Статија Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж загина од удар од гром во прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека вчера преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Пожарникарите се заглавиле во смола од стопен шекер: Еве што остана од фабриката Макпрогрес во Виница

Пожарот во фабриката Макрогрес е ставен под контрола. Пожарникари од околните градови пристигнаа на помош во Виница и огнената стихија…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како…

August 28, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Маж снимен како краде од манастирот „Успение на Пресвета Богородица”

Во атарот на село Обршани, општина Кривогаштани во средата вечер ограбен е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Информацијата ја споделија…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?