Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски: Најважно ни беше да победиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски: Најважно ни беше да победиме
СПОРТ

Милевски: Најважно ни беше да победиме

Објавено March 22, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Селекторот на македонскaта фудбалска репрезентација Благоја Милевски, по средбата со Лихтенштајн и победата, на прес-конференцијата искажа задоволство од победата и трите бода.

„Честитки до моите играчи што во овие околности и трагедијата во Кочани, најдоа сили да го приведат натпреварот на најдобар можен начин. Искрено, не ми беше важно со колкава разлика и со каков резултат ќе победиме, туку само трите бодови на крајот“, рече Милевски.

„Очекувавме противникот да биде концентриран на својата одбрана, компактен, што го покажаа и на минатите мечеви, ги анализиравме детално, изгледавме доста 7-8 натпревари, и тоа е нашиот начин на подготовка“, изјави селекторот на македонскиот национален тим.

За групата, коментираше дека секоја селекција има шанси да замине на Мундијал, па дури и Казахстан и Лихтенштајн.

„Сите во нашата група се конкурентни, сите имаат свои шанси. Во денешниот фудбал мора да покажете максимален респект кон секоја репрезентација ако сакате да се надевате на позитивен резултат. Имаме интересна група, каде секоја репрезентација има свој квалитет и свои шанси“, дополнува Милевски.

Милевски ги истакна и очекувањата од дуелот со Велс.

„Почнавме веќе со подготовка против Велс, не очекува еден сосема поинаков натпревар, сосема поинаков тип на противник и очекувам меч за кој ќе треба повеќе и физички и психички напор. Се надевам дека пред се здравствено ќе бидеме добри сите, и ќе се одмориме овие два дена до мечот со Велс. Ме фасцинира нивниот тим како квалитет, и мислам дека ќе ни биде најсериозен предизвик во нашата група“, изјави Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец уапсен поради закани кон лекар во приватна клиника
Следна Статија Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Лејкерси израмнија, сигурни победи на Оклахома и Индијана

Лос Анџелес Лејкерс изедначија на 1:1 во серијата против Минесота, додека Оклахома и Индијана победија на вторите мечеви против Мемфис…

April 23, 2025
СПОРТ

Спектакуларно Ел класико со 7 гола: Барса го нокаутира Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот…

May 12, 2025
СПОРТ

Ивановски: Секогаш достоинствено ги бранам боите на Македонија

„Уживајте во денот“, порача македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од победничкиот пиедестал на кој се искачи откако денеска победи на 21…

October 5, 2025
СПОРТ

Македонија го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2026 година

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Литванија со 29-27, во меч од квалификациите за пласман на…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?