Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи
СПОРТ

Омерагиќ: Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи

Објавено March 22, 2025 18:38
Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати честитки за нашите фудбалери, за нивната борбеност и покажаниот карактер на натпреварот против Лихтенштајн.

„Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите.

Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.

Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена“, изјави претседателот Омерагиќ.

Македонската репрезентација на 25 март ќе го пречека Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мирен собир во Паркот на Револуцијата во Кочани
Следна Статија Почина внуката на Јосип Броз Тито

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

РК Вардар на домашен терен ја загуби титулата

Еурофарм Пелистер е нов шампион откако вечева нагости го победи Вардар со 32-20 Натпреварот беше изедначен, ниту една екипа немаше…

June 7, 2025
СПОРТ

Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“

Ракометарите на Вардар следната сезона ќе имаат нов тренер и тоа ќе биде поранешната легенда на оваа екипа, Иван Чупиќ.…

June 20, 2025
СПОРТ

Почнува ЕП во кошарка, Србија главен фаворит

Со натпреварот Велика Британија – Литванија, денес 12:30 часот во Тампере, Финска ќе биде отворен Евробаскет 2025. Континенталниот кошаркарски собир…

August 27, 2025
СПОРТ

Ете шанса за Македонија: ФИФА планира Светско првенство во 2030 година со 64 репрезентации

ФИФА размислува за одржување на Светското првенство во 2030 година со 64 екипи, објави „dailysports“. Според британскиот спортски портал, Светската…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?