Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
ЕКОНОМИЈА

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Објавено March 24, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во споредба со претходната пресметка.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе се продава за 77,5 денари по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за поливина денар и ќе изнесува 68 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ  не се менува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и останува 68 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 денари за килограм и ќе изнесува 40,755 денари.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,721 отсто и кај екстра лесното масло за 0,706 отсто, додека кај дизелот има намалувањето за 0,522, а кај мазутот за 1,881 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1162 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра
Следна Статија Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Тажни прогнози – германската економија е сè уште во криза, закрепнувањето не е на повидок

Германската индустрија продолжува да се стабилизира. Во октомври, нарачките во преработувачката индустрија исто така се зголемија во споредба со претходниот…

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јорданоски: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција дел од предизвиците во земјоделството

Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделското производство се ниски…

December 16, 2025

Азиските акции растат следејќи го водството на Wall Street; Јужна Кореја се опоравува по трговските тензии

Азиските пазари покажуваат позитивни движења по повод глобалните економски очекувања

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во тек се преговори за „Рајанер“ да лета од Скопје

За време на неодамнешната посета на Лондон, македонските власти оствариле важна средба со раководството на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ (Ryanair),…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?