Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти, привремена забрана за 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти, привремена забрана за 10
МАКЕДОНИЈА

Митева: Направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти, привремена забрана за 10

Објавено March 24, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти, кафулиња и клубови по Законот за угостителска дејност. Ова се однесува во делот на прекршочна санкција и кај сите е различно, зависи од прекршокот. Тоа е утврдено во самиот записник, а некаде забраната е 10, 15, 20 или 30 дена, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови.

Кај нив ќе бидат изречени две мерки. Прво решенија за забрана за вршење дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или таа им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана за вршење дејност, рече Митева во Владата.

Таа информира дека се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност. Додаде дека тие други основи се однесуваат на непочитување на некои нормативни кои требало да бидат заверени кај градоначалникот, одобренија за тераси, неистакнат број на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) итн.

Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби речиси пет години затвор
Следна Статија Македонија прва во регионот добива 52,2 милиони од планот за раст на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Euronews“: Жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на Euronews Србија истакна дека нема аргументи за…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

По убиството на Хебиб во Чаир, кој имаше едвај 35 години, оџата Мyарем Исмали од џамијата Иса Бег во своето…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хибридни напади ќе има, важно е институциите да соработуваат, вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изјави дека се хрибридни заканите и пораките кои по електронски пат во петокот…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ченто со порака до Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?