Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Објавено September 26, 2024 15:33
Сподели
Сподели

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија Карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската унија.

-Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси, се додава во соопштението.

Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви на македонската компанија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој делумно минува и низ Србија.

-Србија Карго генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Железниците на Македонија со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании како Коско, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија, се наведува во соопштението.

Овој договор овозможува полесна и побрза соработка меѓу соседните земји и претставува значаен чекор кон модернизација и подобрување на железничкиот транспорт во регионот, дополнително зајакнување на економските и инфраструктурните врски меѓу Република Србија и Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте
Следна Статија Никола Мемов од ЗНАМ е новиот директор на ПИОМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет

На покана на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Историски стар ланец на апарати затвора сите локации

Компанијата која исто така продаваше душеци, затвори со известување до купувачите и само еден ден известување до вработените

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жртви на врсничко насилство најчесто се послабите и повлечените деца, насилници пријавени и помеѓу второ- и третоодделенците

Во пресрет на 20 ноември, Светскиот ден на детето, Народниот правобранител најави кампања за подигање на свеста за заштита на…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Раритетен археолошки наод – Ѕидана гробница од крајот на вториот век

Aрхеолозите на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира од крајот…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?