Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Усвоени предлози за измени и дополнувања на седум закони за проверка на лиценците двапати годишно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Усвоени предлози за измени и дополнувања на седум закони за проверка на лиценците двапати годишно
МАКЕДОНИЈА

Усвоени предлози за измени и дополнувања на седум закони за проверка на лиценците двапати годишно

Објавено March 25, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Владата денеска усвои предлози за измени и дополнувања на седум закони во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а со кои ќе се воведе обврска двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци.

Имајќи ги предвид последните трагични случувања, како што посочуваат од Владата, целта е вршење почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања.

-Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци, соопшти владината прес-служба.

Дополнително, како што се посочува во соопштението, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.

-Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Владата за вистински, конкретен напредок кој има за цел да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните. Ставајќи приоритет на ефикасноста и долгорочниот развој, Владата останува посветена и ќе продолжи да ја информира јавноста за секој преземен чекор, се наведува во соопштението од Владата.

Вицепремиерот Александар Николоски претходно информираше дека од досега исконтролираните над 3 100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица. Најави дека листа ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување и оти со законски измени таквите контроли ќе бидат обврзувачки на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа.

  • Целта не е да казнуваме, туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, да ги исполнуваат. Феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат условите, а потоа престануваат да ги исполнуваaт тие услови, истакна вицепремиерот Николоски.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова американско- балканска стопанска комора почнува со работа
Следна Статија Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителството нема да го гони судијата Ферати, оценките биле пречкртани бидејќи тој ги преполагал предметите

Јавното обвинителство нема да го гони судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, затоа што утврдиле дека тој навистина ги…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Селекцијата на кандидати и изборот на нов претседател на ДКСК ќе почне по локалните избори

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата на денешната седница формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај

Со предлогот што го нудиме за уставните измени, сигурни сме дека ќе ја истрчаме трката до крај. Убеден сум дека…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?