Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата „Фич“ повторно ја оцени Македонија со „ББ+“

Објавено March 26, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“ со стабилен изглед.

Во извештајот се посочува дека курсот на домашната валута и натаму е стабилен. Според проекциите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, девизните резерви покриваат 4,3 месеци од увозот проектиран за 2025 − 2026 година, што ја поддржува стабилноста на фиксниот курс на денарот во однос на еврото. Дефицитот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, додека приливите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во изминатите седумнаесет години. „Фич“ оценува дека овој извор на финансирање и во следниот период ќе биде соодветен за понатамошно покривање на дефицитот на тековната сметка.

Во однос на банкарскиот сектор, „Фич“ оценува дека тој и натаму е стабилен и профитабилен. Банкарскиот систем е добро капитализиран, високо ликвиден и со квалитетно кредитно портфолио, при што нефункционалните кредити изнесуваат само 2,9%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Интерпол наскоро распишува потерница за Милорад Додик?
Следна Статија Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јапонски службеник предупредува за нагло слабеење на јенот

Тргувачите гледаат висок потенцијал за владина интервенција за поддршка на валутата

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија стана дел од Единствената европска платежна област

Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area), информира премиерот Христијан Мицкоски. -Тоа подразбира…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето

Знам дека сме во период на избори и во период кога сензитивноста е преголема на сите страни. Но сакам да…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Не може некои производи во соседството да бидат два-три пати поевтини: Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи

На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државаат ќе…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?