Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По Заев, руските комичари го насамарија и Курти (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > По Заев, руските комичари го насамарија и Курти (ВИДЕО)
БАЛКАН

По Заев, руските комичари го насамарија и Курти (ВИДЕО)

Објавено March 27, 2025 09:05
Сподели
Сподели

Руските комичари Алексеј Владимирович Столјаров и Владимир Александрович Кузњецов, односно Лексус и Вован, познати по нивните имитации со кои измамија десетици политичари ширум светот, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев, го избраа Албин Курти за своја нова жртва.

Еден од нив во телефонски разговор се претставил како претседател на Летонија, Едгарс Ринкевичс, а косовскиот премиер не се двоумел да каже што мисли, особено за протестите во Србија.

На прашањето дали повеќемесечните протести во Србија се план на Западот за смена на претседателот Александар Вучиќ, Курти одговорил потврдно.

  • „Да, но демократската опозиција во Србија, во форма на овие студентски протести, не добива доволно поддршка од ЕУ и од САД. Треба да се поддржат повеќе. Западот треба посилно да ја поддржи опозицијата во Белград и да доведе до промена на прорускиот режим, за Србија да го признае Косово“, рекол Курти и додал дека Западот не врши доволно притисок врз Белград.

Курти ги обвинил Србија и Русија дека водат хибридна војна против Приштина и се пожалил дека косовската опозиција, наводно, е во сојуз со Белград.

  • „Приоритет на Косово е Европската унија да ги укине санкциите и да влезе во Советот на Европа и во НАТО, а за членството во ЕУ ќе биде потребно повеќе време. Приштина купува оружје од САД, Велика Британија и Хрватска, а планира да изгради фабрика за муниција. Се подготвуваме да влеземе во НАТО и да го принудиме нашиот непријател Србија добро да размисли пред повторно да нè нападне, затоа што нè нападнаа неколку пати во минатиот век“, се пожалил тој.
  • Прашан за војната во Украина, тој рекол дека Западот мора да му испрати на Киев повеќе оружје и муниција и сè што ќе побара, бидејќи во Европа не можело да има мир сè додека постои „експанзионистичка, империјалистичка Русија“.
  • „За овие три години можеше да се направи повеќе и сè уште е можно. Украина е борба во која може да се покаже надмоќта на западната воена моќ. САД можеа да испратат оружје до Талибанците во Авганистан за да можат да се борат против СССР, така што не гледам причина зошто сега не ја вооружуваат демократската влада во Украина“, резонира Курти.
  • Тој се пожали на растот на, како што вели, десничарскиот популизам во земјите како Словачка и Романија кои не го признаваат Косово и ги обвини хибридната војна и дезинформациите.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бурни реакции за новите царини на Трамп: се огласија Јапонија, Канада и ЕУ
Следна Статија Филипче ќе биде реизбран за лидер на СДСМ на 6-ти април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

УДБА знаела дека младите момчиња од Цетиње боледувале од редок вид на шизофренија, не биле способни за служење војска

Се сеќавате ба убиството во Цетиње за Нова Година? Ова злосторство го отвори подзаборениот или прикриен случај со машките жители…

May 26, 2025
БАЛКАН

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на…

June 18, 2025
БАЛКАН

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик, лидерот на Република Српска

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за апсење на лидерот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на…

March 12, 2025
БАЛКАН

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?