Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голема победа за Калин Ивановски за четвртфинале на турнирот во Опатија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Голема победа за Калин Ивановски за четвртфинале на турнирот во Опатија
СПОРТ

Голема победа за Калин Ивановски за четвртфинале на турнирот во Опатија

Објавено March 27, 2025 21:47
Сподели
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен и маратонски меч успеа да го совлада шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина во второто коло на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски победи со 2-1 во сетови (7:6(3) 5:7 7:6(4)) за 3 часа и пет минути игра.

Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен, а тенисерите го освојуваа гемот на сопствен сервис. Во 13-тиот гем во тај брејкот под 1:0 на поени за Биелински, Ивановски направи серија од четири поени за предност од 4:1 и гемот го заврши со 7:3 на поени за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет изедначео беше до 5:5 во гемови кога противникот на Калин успеа да направи брејк и сетот потоа го доби со 7:5 во гемови за 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет повторно неизвесност до 3:3 во гемови. Но, по направениот брејк украинскиот тенисер дојде до предност од 5:3 во гемови. Ивановски најави пресврт го доби деветиот гем во сетот за да намали на 5:4 во гемови. Во 10-тиот гем Биелински беше на две топки до победа на свој сервис, но македонскиот тенисер не го дозволи тоа и успеа од единствената брејк шанса да напарви брејк и да изедначи на 5:5 во гемови. По 6:6 во гемови следуваше уште еден тај брејк. Калин повторно почна одлично и поведе со 4:0 на поени и предноста ја зачува до крајот добивајќи го сетот со 7:4 на поени.

Ова е петта победа за Ивановски на овој турнир (три во квалификациите) и утре во четвртфиналето Калин ќе игра против вториот носител на турнирот Зденек Колар од Чешка (28 години, 399 место АТП)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Путин има потекло од Балканот, поточно од Албанија, потврди неговата ДНК?
Следна Статија Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Халибартон со звукот на сирената – Индијана ја шокираше Оклахома

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111:110, во првиот финален натпревар од НБА лигата. Пјесерс победија со поените…

June 6, 2025
СПОРТ

Дерби до дерби: Спектакуларна ждрепка за ЛШ

Во Монако, софтверот ги одреди довјките за главната фаза во Лигата на шампионите, во сезоната 2025/2026. Сезната во која ПСЖ…

August 29, 2025
СПОРТ

Добри вести од Мадрид, Мбапе се враќа

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се врати на тренинзите со тимот и е подготвен да учествува во реваншот од…

April 14, 2026
СПОРТ

Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата по натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?