Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград
БАЛКАН

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Објавено March 28, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив и слетал во Белград околу 01:20 часот. Набрзо повторно полетал и слетал во Бања Лука околу 2 часот.

Порталот „Кликс“ пишува дека се претпоставува дека Додик излегол од авионот во Белград.

За потсетување, Судот на БиХ му одреди притвор и издаде налог за апсење на Додик бидејќи не одговорил на поканата за распит што му ја испрати Обвинителството на БиХ како дел од истрагата поради сомневање дека сторил кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ.

Сепак, Додик некако успеа непречено да ја напушти БиХ во понеделникот и да се појави во Белград, каде застана покрај Александар Вучиќ на митинг организиран од неговата влада по повод годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашната Сојузна Република Југославија во 1999 година.

Во вторникот, тој продолжи во Израел за да учествува на конференцијата за борба против антисемитизмот организирана од Министерството за прашања на дијаспората на израелската влада.

Во написот „Ерусалим пост“ се наведува дека Додик ненадејно ја напуштил конференцијата во Ерусалим за антисемитизам по само еден час, наводно откако израелските власти го информирале дека неговото присуство е дипломатски проблематично откако Судот на Босна и Херцеговина нареди распишување меѓународна потерница против него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голема победа за Калин Ивановски за четвртфинале на турнирот во Опатија
Следна Статија Михаел Шумахер повеќе не може ниту да зборува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Големо снежно невреме ја погоди Словенија, Марибор без струја

Обилен и тежок снег што од утринските часови паѓа низ Словенија предизвика сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија, особено…

February 20, 2026
БАЛКАН

Доколку патувате низ Балканот, застанете во Скопје и наточете гориво, препорака од словенечкиот „ДЕЛО“

Скопје повторно се најде во фокусот на регионалните медиуми, овојпат како најповолна дестинација за точење гориво на Балканот. Словенечкиот весник…

March 24, 2026
БАЛКАН

Македонка со телефонска измама ограбила 40.000 евра од стара жена во Загреб

Хрватската полиција соопшти дека во Загреб е приведена 25-годишна државјанка на Македонија, откако таа, во соработка со уште двајца измамници,…

April 13, 2026
БАЛКАН

Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори

Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?