Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Белград голем број студенти протестираат прeд медиумот Информер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Белград голем број студенти протестираат прeд медиумот Информер
БАЛКАН

Во Белград голем број студенти протестираат прeд медиумот Информер

Објавено March 29, 2025 20:36
Сподели
Сподели

Стотици српски студенти протестираат денеска шест часа во Белград пред телевизијата Информер за која тврдат дека е блиска до властите, носејќи транспаренти на кои пишува „Манипулатори, а не новинари“ и вејат српски знамиња, јави дописникот на МИА од Белград. Тие покренаа иницијатива да се укине фрекфенцијата за Белград на тој медиум.
Студентите направија и т.н. ѕид на срамот со издвоени наслови и написи од весникот и телевизијата Информер.

На протестот повикаа студентите во блокада од Факултетот за политички науки кои нагласуваат дека таквите медиуми се „алатки за пропаганда“.

„Овој протест, како и претходните, е мирен и достоинствен, а секоја форма на насилство не е во согласност со вредностите за кои се залагаат студентите“, се вели во повикот.

Таа телевизија според официјални податоци 647 пати го прекршила етичкиот кодекс на српските новинари во 2024 година и како и голем број весници и тв-канали речиси секојдневно објавуваат обвинувања против демонстрантите.

Од почетокот на протестите што ја потресоа Србија, големото антикорупциско движење кое започна по несреќата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, тие медиуми ги оквалификуваа студентите во блокада како „странски агенти“, платеници на опозицијата, архитекти на иден „државен удар“.

Весникот Информер, се продава за 40 динари, половина од цената на конкурентите,во тираж над 57.000 печатени примероци дневно, и е еден од најчитаните весници во Србија. И телевизискиот канал на групацијата има најголем удел на пазарот.

Министерството за информации и телекомуникации денеска изрази загриженост за протестот пред редакцијата на Информер во Белград, оценувајќи дека со тоа се врши притисок врз медиумите.
Студентите од ФПН најавија дека протестот ќе трае до 20 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО Скандал на бугарско лото, извлечена залутана топка со погрешен број
Следна Статија (ВИДЕО) Медицински сестри спасуваат новороденчиња за време на ужасниот земјотрес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Паника во Белград: Зебра избега од кафез, повреди маж и дете во зоолошката градина

Зебра избега од зоолошката градина во Белград попладнево, дознава Телеграф.рс. Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, пријавени се повреди на дете…

July 16, 2025
БАЛКАН

Три куршуми во плик до Дачиќ: полицијата го откри испраќачот

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата е откриен плик адресиран…

August 29, 2025
БАЛКАН

Ќе се отворат 12.000 работни места и Драч ќе стане „втор Дубаи“

Во соседна Албанија ќе се отворат 12.000 работни места. За 2 милијарди долари, Албанија во Драч прави „втор Дубаи“. Инвеститорот…

April 20, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Некои земји во Европа силно лобираат против Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека постојат земји во Европа кои силно лобираат против интересите на Србија.…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?