Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во џамијата во Гостивар се дискриминира турскиот јазик, жестока реакција на Сарач
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во џамијата во Гостивар се дискриминира турскиот јазик, жестока реакција на Сарач
МАКЕДОНИЈА

Во џамијата во Гостивар се дискриминира турскиот јазик, жестока реакција на Сарач

Објавено March 30, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани. Јавно реков: Кажете барем две реченици на турски, напиша на својот фејсбук-профил Ердоган Сарач, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија по вчерашната молитва во џамијата во Гостивар.

Тој вели дека дел од верниците биле очигледно вознемирени од игнорирањето на турскиот, мајчин јазик на многумина во регионот, и официјален јазик во Исламската верска заедница на Македонија.

Ова е голем скандал со етно-јазична димензија за време на верски настан во Саат џамијата во Гостивар, велат верниците.

Сарач на својот фејсбук профил напиша дека ги опоменал имамите за употреба на турскиот јазик уште за време на молитвата во џамијата, но ништо не се случило. Во џамијата бил присутен и реисот на ИВЗ Шаќир Фетаи. Сарач го обвини реисот за јазична дискриминација.

„Ситуацијата дополнително се вжешти откако еден имам изјавил дека ‘овде има само месојади’, на што rеисот не реагирал. Tаквиот молк ја легитимира дискриминацијата. Нема да присуствувам на следната покана од ИВЗ. Ова не може да биде случајност. Го одбиваме секое понижување на нашиот јазик. Турскиот е службен јазик во ИВЗ, и тоа мора да се почитува“, напиша Сарач.

Исламската верска заедница засега нема официјален коментар по повод обвинувањата.

Досега, муслиманските верници биле сведоци за време на празниците, пригодните поздравни обраќања на имамите биле и на македонски и на турски јазик.

Турската заедница во Македонија и досега во неколку наврати реагирала на неупотребата на турскиот и македонскиот јазик во ИВЗ. „Ја осудуваме постапката на ИВЗ за нивното намерно и директно изоставање на турскиот јазик, како и јазиците на останатите исламски етнички заедници од своите официјални изјави и објави. Исламот е вера на братство, единство и правда во која нема место за национализам, шовинизам и меѓуетничка, а ни меѓурелигиска омраза и натпревар. Само како потсетување, турскиот јазик е дел од Статутот на ИВЗ и е законско право на турската заедница во Македонија. Изоставањето претставува прекршување на Статутот на ИВЗ и директен удар врз турската заедница во Македонија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златни медали за таеквондистите Василевски и Симоновски на „Скопје Опен Г1“
Следна Статија Мбапе го израмни голгетерскиот учинок на Роналдо во дебитантска сезона во Реал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова се години кога учите за две значајни вредности, а тоа се семејството и за татковината

По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита

Во просториите на Владата се одржа панел-дискусија по повод историското зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

СДС денес звучи како евтин АИ модел со многу зборови, никаква суштина, конфузија, неповрзани нешта и многу очај. За ова…

March 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева ќе раководи со Вишото јавно обвинителство додека трае кривична постапка на Мустафа Хајрулахи

Обвинителката од Вишото јавно обвинителство Наташа Крстевска Цалева ќе ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето…

February 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?