Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
БАЛКАН

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Објавено March 30, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претставувајќи го планот за транспортни инвестиции од 2026 до 2029, рече дека најголемото комерцијалмно пристаниште на Јадранот – „Порто Романо“, што ќе се гради во Драч ќе има две „суви“ подружници во Приштина и Скопје.

– Албанската влада тројно ќе ги зголеми постоечките капацитети во однос на  потенцијалот на старото пристаниште, но пред се тоа ќе биде срцето на новиот трговски систем, создавајќи можност за отворање на две суви пристаништа во Приштина и Скопје и Албанија да стане референтна точка на Медитеранот. Од друга страна, новото пристаниште нема да биде само комерцијално пристаниште, туку ќе има и свое воено крило, како пристаниште на НАТО, рече Рама.

Според претходните преговори, кои се водеа пред три години, двете влади – македонската и албанската, споменаа суво пристаниште во Струга. Владата во 2022 соопшти дека на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.

„Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот“, соопшти тогаш владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп одговори на прашањето „што е жена“
Следна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Како се збогатил Милорад Додик: нафта за време на војната, камиони за шверц на цигари од Македонија и кредити кои не ги враќал

Милорад Додик во своите млади денови ја сфати профитабилноста на комбинирањето на политиката и бизнисот. Имаше 27 години кога во…

March 15, 2025
БАЛКАН

Во Албанија за првородено дете даваат бебешки бонус од 400 евра

Во Албанија, повеќе од 237 илјади деца оствариле право на еднократен финансиски надоместок за бебе, врз основа на програма што…

August 1, 2025
БАЛКАН

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

По вчерашното гласање на локалните избори во Косово, прелиминарните резултати покажуваат дека втор круг на гласање ќе се одржи во…

October 13, 2025
БАЛКАН

Загинаа четворица по пад на мал авион кај Пула во Хрватска

Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во…

June 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?