Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Германската пробна ракета експлодирашe неколку секунди по полетувањето од Норвешка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Германската пробна ракета експлодирашe неколку секунди по полетувањето од Норвешка
СВЕТ

(ВИДЕО) Германската пробна ракета експлодирашe неколку секунди по полетувањето од Норвешка

Објавено March 30, 2025 20:15
Сподели
Сподели

Пробната ракета наменета да лансира сателит од Европа се урна и експлодираше 40 секунди по полетувањето од норвешкото космодром во неделата, а германскиот стартап „Isar Aerospace“ лансирањето го опиша како „иницјална проба“.

Ракета без екипаж „Spectrum“ беше претставена како прв обид за орбитален лет од Европа, каде што неколку земји, вклучително и Шведска и Велика Британија, изјавија дека сакаат дел од растечкиот пазар за комерцијални мисии во вселената.

Стартапот „Isar Aerospace“, кој предупреди дека првичниот лет би можел да заврши прерано, рече дека тестирањето дало многу податоци од кои нивниот тим може многу да научи.

Ракетата „Spectrum“, дизајнирана за мали и средни сателити, беше лансирана од норвешкиот космодром Арктик Андоеја. На нејзиното прво патување не носеше сателит.

Глобалните играчи на пазарот за лансирање сателити ги вклучуваат „SpaceX“ на Илон Маск, кој лансира од САД, и француската „ArianeGroup“, заедничко вложување меѓу „Airbus“ и „Safran“ која го користи космодромот во Француска Гвајана.

„SpaceX“, исто така, управува со сателитската услуга „Starlink“, комуникациска мрежа која покрива поголем дел од светот.

Германското здружение за воздухопловна индустрија BDLI соопшти дека првиот лет на „Isar Aerospace“ ќе доведе до понатамошен напредок.

„На Европа итно ѝ е потребен сверенитет во вселената“, изјави директорката на BDLI, Мари-Кристинe фон Хан.

Шведска, со нејзината локација за лансирање „Esrange Space Cente“ кај северниот град Кируна, и Велика Британија со космодромот на „SaxaVord“ на шкотските Шетландски острови, се најблиските ривали на норвешката локација, а сите имаат цел да ѝ дадат на Европа поголема автономија во вселенските летови.

„SaxaVord“, кој доживеа неуспех кога ракетниот мотор експлодираше за време на тестирањето минатата година, го планира своето прво лансирање на сателит во третиот квартал на 2025 година, а „Esrange“ исто така има цел да го изврши своето инаугуративно лансирање оваа година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На волонтерите им плаќаат по 5.000 евра за да лежат во кревет 10 дена
Следна Статија Меџити за Рамазан Бајрам: Солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Ураганот Кирк пристигнува во Европа

Делови од Флорида се подготвуваат за ураганот Милтон – бура од 5-та категорија која најверојатно ќе донесе опасни ветрови со…

October 9, 2024
СВЕТ

Трагедија во Словачка: Возови се судрија, повеќе од 90 повредени

Тешка железничка несреќа ја потресе Словачка утрово околу 10 часот, кога два брзи воза се судрија челно во близина на…

October 13, 2025
СВЕТ

Јенс Столтенберг станува министер за финансии на Норвешка

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе биде назначен за министер за финансии на Норвешка, како дел од…

February 4, 2025
СВЕТ

Телото на папата Франциск ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за јавноста да му оддаде почит

Телото на папата Франциск утрово во процесија ќе биде донесено од Домот Света Марта, неговата резиденција во Ватикан, до базиликата…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?