Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
БАЛКАН

Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции

Објавено March 31, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Студенти од Универзитетот во Нови Сад в среда најавија дека тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го свртат вниманието поради недоволната реакција од надлежните институции во Србија, кои, според студентите, се обврзани да дејствуваат по сите немили настани што се случиле во државата од 1 ноември,лани, јави дописникот на МИА од Белград.

Нивното патување за кое објавија рута, се очекува да трае 12 дена. Напоменаат дека планот на турата секојдневно подлежи на промени, но дека градовите низ кои минува турата се дефинитивни.

„Ние сме во постојан контакт со колегите од сите универзитетски градови низ кои поминуваме, за да ја обезбедиме потребната логистичка и морална поддршка. Исто така, сакаме да ги споделиме информациите дека членови на Европскиот парламент ни се обратија, изразувајќи ја својата подготвеност да им посакаат добредојде на студентите“, изјавија тие. 
Како што наведоа, целта им е да ги информираат странските институции кои имаат можност да дејствуваат по институциите во Србија, за да се направи притисок врз властите. Друга цел би била да се привлече медиумско внимание што треба да резултира со создавање притисок.

„Оваа акција произлезе од огорченоста предизвикана од кршењето на голем број човекови права како и правата загарантирани со Уставот на Република Србија без реакција од надлежните институции. Со оглед на недостатокот на реакција, решивме да се обратиме до странски/светски институции кои имаат способност да реагираат и имаат одредено влијание на територијата на Република Србија“, велат студентите.

Студентите треба да се обратат во ПССЕ – Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Директоратот за демократија и човеково достоинство и Комитетот на министри.

Што се однесува до Европската Унија, студентите ќе се обратат пред Европскиот парламент, Европската комисија и Агенцијата за фундаментални права на ЕУ.
Бројот на учесници ќе биде меѓу 50- и 80 студенти. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Maggi повлекува супа од брокули во Германија поради можност за присуство на метални делови
Следна Статија Казнет нелегален продавач: Oдземени 250 килограми грицки со поминат рок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, излезе од затвор

Иво Санадер, поранешен лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска, е ослободен од затвор пред да ја отслужи целата казна.…

August 4, 2025
БАЛКАН

Мајка ми е виновна за се, но и ако ги немав пиштолите на татко му, не би го направил тоа: Момчето убиец откри што претходело на масакрот

Момчето убиец кој на 3 мај минатата година го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска, како што пишува Блиц,…

October 8, 2024
БАЛКАН

Се јави Шекеринска: Го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина,…

March 18, 2026
БАЛКАН

Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години

Собранието на Косово го усвои предлог-законот за забрана на консумирање енергетски пијалаци за лица под 18 години. Пратеничката Фиторe Пацоли…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?