Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казнет нелегален продавач: Oдземени 250 килограми грицки со поминат рок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Казнет нелегален продавач: Oдземени 250 килограми грицки со поминат рок
ЗДРАВЈЕ

Казнет нелегален продавач: Oдземени 250 килограми грицки со поминат рок

Објавено March 31, 2025 10:42
Сподели
Сподели

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.

Во соработка со  Министерството за внатрешни работи, беше извршен претрес на дом на возачт на возилото. Пронајдени беа 34 пакети со таканаречени флипс прооизводи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено беше дека  пронајдените производи се со поминат рок и истите, како небезбедени беа одземени од инспекциските служби на АХВ.

Производите биле набавени од различни магацини и истите се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.

Сторителот е казнет со парична казна во висина од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на info@fva.gov.mk, или лично во Агенцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
Следна Статија Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во станбените згради

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Интермитентното гладување може да предизвика драматични промени во човечкиот мозок

Научниците откриваат дека привремено ограничување на калориите резултира со значителни промени во цревата и мозокот, отворајќи нови можности за одржув

December 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поранешен агент на ФБИ тврди: Коронавирусот излегол од лабораторијата во Вухан

Џејсон Банан, доктор по микробиологија и поранешен висок научник во ФБИ, изјави за дека ФБИ утврдил оти вирусот Ковид-19, причината…

December 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

Европејците плаќаат различни цени за лекови во зависност од тоа во која држава точно живеат, но трошат значително помалку отколку…

May 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

На лекување во странство 69 пациенти, нема промена во нивната состојба- во Скопје 15 стабилни пациенти

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?