Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
СВЕТ

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица

Објавено April 2, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци загинаа повеќе од 3.000 лица.

Соопштението на високата воена команда е објавено денеска на државната телевизија МРТВ, во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.

Претходно, групите на вооружениот отпор, кои се противат на воената власт, прогласија едностран прекин на огнот.

Овие групи мора да се воздржат од напади на државата или прегрупирања, бидејќи во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се наведува во соопштението на армијата.

Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот. Меѓутоа, спасувачките тимови најчесто извлекуваат мртви тела.

Земјотресот со епицентар во Мјанмар беше силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета.

Бројот на жртвите денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Меѓутоа, претпоставките се дека крајните бројки ќе се многу поголеми.

Во Мјанмар веќе имаше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Повеќе од три милиони луѓе се внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им беше потребна помош дури и пред земјотресот, наведуваат Обединетите нации

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Маск наскоро поднесува оставка
Следна Статија Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Конгресот бара одговорност за задоцнувањата на НАСА пред предизвикот на Кина

Потреба од преиспитување на вселенските мисии и стратегии

December 6, 2025
СВЕТ

МАЖ ГО ПРЕЖИВЕА НЕВОЗМОЖНОТО: Се спаси благодарение на фрижидер пловејќи на него на 50 километри оддалеченост од брегот (видео)

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за фрижидер додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се…

October 11, 2024
СВЕТ

Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претставник…

December 15, 2024
СВЕТ

Што очекуваат Американците од новата власт?

Институтот за испитување на јавното мислење „Галуп“ објави анкета која, меѓу другото, дава покаатели за ставовите на американските граѓани за…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?