Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни
СВЕТ

Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни

Објавено April 3, 2025 19:26
Сподели
Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што синоќа ги објави американскиот претседател Доналд Трамп се „брутални и неосновани“ и претставуваат шок за меѓународната трговија.

Макрон рече дека Европа мора да одговори на овие мерки поединечно во секој индустриски сектор, пренесуваат британските медиуми.

Говорејќи за време на состанокот со претставниците на француската индустрија, Макрон додаде дека одговорот на реципрочните царини ќе биде „помасовен“ од одмаздничките мерки против американските царини за челик и алуминиум.

Емануел Макрон денеска ги повика француските компании кои работат во САД да ги прекинат сите инвестициски проекти во таа земја додека не се разјасни најавата на Доналд Трамп за масовно зголемување на царините на увозот од Европската унија.

-Тоа што е важно е дека идните или најавените инвестициски проекти во последните неколку недели се привремено суспендирани додека не ги разјасниме работите со САД, рече францускиот претседател за време на средбата со претставниците на француските индустриски сектори кои се најпогодени од најавените американски царини, пренесува БФМ ТВ.

Макрон се запраша каква ќе порака ќе се испрати доколку главните европски бизнис играчи почнат да инвестираат милијарди евра во американската економија во време кога француската економија е нападната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роднини на жртвите во модуларната во Тетово побараа нова истрага за случајот
Следна Статија „Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Заврши рекордната блокада на Владата на САД

Потписот на претседателот Доналд Трамп го заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата. Трамп го потпиша клучниот буџетски…

November 13, 2025
СВЕТ

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на…

April 22, 2025
СВЕТ

Лекарите објавија од што почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

Директорот на познатиот градежен концерн Страбаг, Клеменс Хазелштајнер, почина во петокот на 17 јануари од аневризма. Ова го соопштија лекари…

January 19, 2025
СВЕТ

Петмина загинати во вооружен напад во Ерусалим – убиени двајца осомничени напаѓачи

Најмалку пет лица загинаа денеска во вооружен напад на автобуска постојка во Ерусалим, соопштија медицинските служби, пренесува ДПА. Израелската итна…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?