Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
ЗДРАВЈЕ

Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот

Објавено April 5, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Неколку медицински сестри кои работеле на ист кат во болница во Бостон, во американската сојузна држава Масачусетс, се разболеле од тумори на мозокот, но истрагата на болницата утврдила дека во таа установа немало никаков ризик за животната средина, што наишло на сомнеж од синдикатот на медицинскиот персонал, јавија американски медиуми.

Официјални лица од болницата Њутон-Велсли во Бостон објавија дека досега се идентификувани пет случаи на тумори, но сите се бенигни, објави Њујорк пост. Сите случаи се регистрирани на петтиот кат во болницата, во одделот за породување.

Една од болните медицински сестри изјави, пак, дека на дури десет вработени во ова одделение во изминатите години им бил дијагностициран тумор на мозокот, кој во некои случаи бил малиген. Таа изјави за Си-Би-Ес дека три или четворица нејзини колеги веќе биле оперирани и ја обвини болницата дека не дава доволно поддршка.

Според неа, сите тие случаи на тумор не можат да бидат случајност.

Во декември минатата година болницата покрена истрага во која учествуваа нејзини стручњаци, како и претставници на Министерството за професионално здравје, како и консултант за квалитет на воздух, вода и радијација.

– Врз основа на резултатите од темелната истрага, сакаме да го увериме нашиот персонал и сите пациенти дека нема ризик за животната средина во болницата Њутн-Велсли, се вели во соопштението на болницата.

Здружението на медицински сестри од Масачусетс (МНА), сепак, не беа задоволни со тие наводи, бидејќи тестовите извршени во болницата не биле сеопфатни, па затоа започнаа сопствена истрага, што е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел
Следна Статија Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел не може да се најде квадрат под 2000 евра?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Јапонската амбасада донираше мобилен рентген апарат на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска појасни…

August 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките

Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот…

February 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Колку протеини треба да јадете за да ослабете

Протеините често се нарекуваат градежен блок на животот, но тие исто така играат голема улога во губењето на тежината. Ако…

May 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци во рамките на своите надлежности при вчерашниот вонреден инспекциски надзор на Детското…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?