Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

Објавено April 6, 2025 13:36
Сподели
Сподели

Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди, Мицкоски рече дека во јавноста има многу информации, и ќе се воздржи од било какви коментари. 

Само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово. 

Разбирам, рече Мицкоски, зошто е загриженоста на јавноста, но за разлика од минатото, мнозинството е стабилно. 

За разлика од минатото, кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овојпат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи како што е досега, порача Мицкоски. 

Во однос на обвинувањата од ДУИ, Мицкоски порача дека „колку повеќе функционери од ДУИ се фатени во криминал додека ги вршеле функциите во минатото, толку повеќе ќе заострува нивната реторика “. 

Работиме и докажавме дека работиме неселективно и така и ќе продолжиме. За оваа Влада, на сите речиси 26 илјади квадратни километри, секој еден квадратен километар е важен, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Без разлика, дале е градоначалник од Вреди, ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ, или ДУИ, од СДСМ или некој независен, нашиот интерес се граѓаните, изјави Мицкоски.  

Изјавата на Али Ахмети дека Албанците во земјава биле деградирани, Мицкоски ја оцени како безпредметна, бидејќи, како што рече, оваа Влада има толку многу успеси за сите граѓани.

Ние не ги делиме така граѓаните, имаме мултиетничко општество, кое што треба да го негуваме и треба во таа насока и да продолжиме. Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални, чесни и додаваат вредност, кои што ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и треба да одговраат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германија размислува да повлече 1.200 тони злато складирано во САД
Следна Статија Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лозарите се оставени сами, без никаква поддршка, кажа Филипче од Кавадарци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со лозарите од кавадаречкиот регион. На средбата се разговараше за предизвиците со…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ

Додека Заеви заработувале милиони, Филипче имал лично профит од 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од…

June 8, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ова се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Касами: Вреди нема да го поддржи Таравари за изборот на градоначалници

Претседателот на Движење Беса Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?