Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле
ХРОНИКА

Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле

Објавено April 8, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, соопштуваат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американските медиуми: САД повлекуваат 10.000 војници од Европа
Следна Статија Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој…

August 16, 2025
ХРОНИКА

Скопјанка измамена за над 90 илјади денари

На 14.01.2026 во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од…

January 15, 2026
ХРОНИКА

Таткото Александар го праша Палчо: Зошто е убиена мојата Вањичка?

Мислев дека се ќе дознаам и цело време мижам во просторијата, но слушам внимателно. Имам чуство на непотполност на вистината…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?