Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмалку 98 луѓе загинаа на концерт откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најмалку 98 луѓе загинаа на концерт откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република
СВЕТ

Најмалку 98 луѓе загинаа на концерт откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република

Објавено April 9, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Најмалку 79 луѓе загинаа (неофицијално се 98), а 155 се повредени откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.

Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени.

Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез.

Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја потврдија информацијата. Перез, кој беше популарен во Латинска Америка, првично беше пријавен меѓу повредените.

Во несреќата загина и регионалната гувернерка на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, објави нејзиниот брат на Инстаграм.

Почина и поранешниот бејзбол играч Тони Бланко, кој играше во САД девет години и уште осум во Јапонија, соопшти бејзбол лигата.

Причината за уривањето на кровот се уште е нејасна.

Повеќе од 300 спасувачи бараат затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

– Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани, рече Мендез и додаде дека властите нема да се откажат се додека и последниот човек не биде извлечен од урнатините.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на X.

Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој.  

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајк Мелоун доби отказ од Денвер, веднаш назначен нов тренер
Следна Статија Епл од Мајкрософт ја загуби титулата на највредна компанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека неговиот татко, поранешниот американски претседател Џо Бајден, земал апче за спиење пред неговата…

July 22, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Етна повторно еруптираше

Највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, Етна во моментов повторно еруптира, што е загрижувачки за сите кои планираат да ја…

February 16, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Бајден гласаше во Делавер

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска гласаше во американската сојузна држава Делавер за кандидатката на демократите Камала Харис. Бајден, кој се…

October 28, 2024
СВЕТ

Виетнамска тајкунка мора да собере 9 милијарди долари за да не биде погубена

Виетнамска тајкунка за недвижности Труонг Мај Лан е во трка за својот живот. Денес, 68-годишната жена ќе ја слушне судската…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?