Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови
Blog

Милионери го напуштија Лондон, тој повеќе не е во топ 5 најбогатите градови

Објавено April 10, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Британската престолнина веќе не е меѓу петте најбогати градови во светот, откако лани изгуби поголем процент милионери од кој било друг град во светот, заедно со Москва, објави денеска „Тајмс“.

Годишниот извештај за богатството на глобално ниво, вели дека Лондон изгубил 11.300 милионери само минатата година, од кои 18-мина со најмалку 100 милиони долари на своите сметки, како и двајца милијардери. Истражувањето спроведено од „Њу ворлд велт“ (New World Wealth) за консултантската фирма „Хенли енд партнерс“ (Henley & Partners), го дефинира богатството како: средства што може да се инвестираат во ликвидност, што значи готовина, обврзници и акции, но го исклучува имотното богатство.

Проценката беше спроведена пред неодамнешниот пад на берзата што уследи по објавувањето на царините од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според последните податоци, Лондон е еден од двата града меѓу првите 50 најбогати во светот, коишто сега имаат помалку богати луѓе отколку пред 10 години. Другиот е Москва.  Лондон изгуби вкупно 12 отсто од своите најбогати жители од 2014 година до лани, при што падот им се припишува на зголемувањето на даноците, Брегзит и падот на вредноста на фунтата. Москва изгуби 25 отсто од своите најбогати жители, што се проценува дека најмногу се должи на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Меѓутоа, во апсолутни бројки, Лондон го напуштиле 30.000 богаташи за 10 години, а од Москва си отишле 10.000 милионери.

Париз, од друга страна, бележи зголемување на бројот на милионери во истиот период, со зголемување од пет отсто последниве 10 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем пожар спроти Клинички центар (ВИДЕО)
Следна Статија Политика, мито и корупција има позади пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Цените на суровата нафта се искачија на околу 67,1 долари за барел

Цените на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) малку се зголемија, на околу 67,1 долари за барел, по неделниот…

July 21, 2025
Blog

Тина Иванова ја доби на суд поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска

Поранешната директорка на Македонската филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Управниот суд…

February 11, 2025
Blog

Google и Epic Games склучија таен договор од 800 милиони долари

Во тековниот судски спор, Google и Epic Games навodno склучија нов договор поврзан со Android

January 24, 2026
Blog

Како WhatsApp заработува пари: Само неодамна воведената опција вреди неколку милијарди долари

Моќните компјутерски сервери на мобилната апликација WhatsApp се наоѓаат насекаде низ светот. Функционирањето на оваа апликација, која има три милијарди…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?